08 Мај, 2024
0.0274

Каракачанов: И надвор од Парламентот ќе се борам за бугарскиот интерес во Македонија

Објавено во: Македонија 06 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Не влезе во новиот бугарски Парламент, но најавува битка за бугарскиот интерес во Македонија и по изборите. Красимир Каракачанов ги поздрави гласачите и испрати порака дека неговата партија останува на истата линија во како што вели одбраната на сите интереси кои ги застапувал во претходните четири години. Неговата партија ВМРО освои само  3,65 отсто од гласовите со што не го исполни изборниот праг од четири проценти за да биде претставена во Парламентот.

Сакам да му гарантирам на секој Бугарин кој ја даде својата доверба и гласаше за ВМРО дека нема да ве изневериме! Дури и надвор од парламентот, ВМРО ќе се потруди да ги одбрани вашите интереси, за кои работевме последните четири години - приход, семејство, безбедност. Ние ќе продолжиме да го браниме бугарскиот интерес за Македонија - затоа што не треба да има компромис по секоја цена!

ВМРО не ја доби оваа битка, но „војната“ допрва следува, напиша Каракачанов на фејсбук.

Тој инаку освои најмногу гласови од Бугарите во Македонија ако се анализираат гласовите од дијаспората.

Според резултатите од Централната изборна комисија на Бугарија ГЕРБ на Бојко Борисов освои 26,14 отсто, „Има таков народ“ на Слави Трифонов 17,73 проценти, БСП 15,02 проценти, ДПС – 10,34 отсто, Демократска Бугарија – 9,52 отсто, „Исправи се! Излези!“ – 4,76. Сите тие влегуваат во Парламентот. 

Дури.47 479 гласачи на гласачкото ливче заокружиле „Не поддржувам никого“.

Гласовите од дијаспората убедливо ги освои партијата на Трифонов „Има такви луѓе“со 30,61 проценти. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава