Каракачанов: Македонија може да влезе во ЕУ само преку Бугарија
Каракачанов е познат по своите тврди националистички ставови во однос на Македонија.
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2016
„Македонија има само еден пат за да влезе во ЕУ и тој поминува низ Софија, други варијанти нема“. Вака одговорил кандидатот за претседател на бугарските патриоти и националисти, Красимир Каракачанов на прашањето дали, ако стане претседател, ќе стави вето на влезот на Македонија во ЕУ, пренесоа бугарските медиуми.
Тој додал дека ќе стави сигурно вето на Турција во ЕУ бидејќи за оваа земја „нема место таму“.
Лидерот на ВМРО ги поднел документите за претседателската трка, а за медиумите изјавил дека „расположението во општеството покажува дека шансите за вториот круг се огромни“.
„Предвремени избори, токму во овој момент, не се потребни на земјата. На неа и е потребно повеќе полтички разум, бидејќи Бугарија се соочува со огромна опасност - илегалната имиграција. Да си играме избори само затоа што некој сака да си прави претседателски ПР е неразумно“, коментира тој на изјавите за евентуални предвремени избори напролет.
Според него, кој и да е кандидатот на ГЕРБ, тоа не и пречи патриотската коалиција, која има јасна програма и цел
Каракачанов е познат по своите тврди националистички ставови во однос на Македонија.