Каракамишева: Туск доаѓа да врши притисок врз Иванов, а може да му соопшти и за одредени санкции
Објавено во: Македонија 03 Април, 2017 11:35
Коментирајќи го доаѓањето на Доналд Туск денеска во Македонија, професорката Тања Каракамишева вели дека тоа ќе биде уште еден обид на мѓународната заедница да изврши притисок врз шефот на државата Иванов.
Каракамишева во денешната колумна пишува дека потегот на Иванов да не го дава мандатот е „државнички чин кој очигледно ги збунил и растревожил европските власти кои сметаа дека лесно и без поголеми проблеми ќе успеат да инсталираат Влада во РМ која ќе биде целосно по нивен вкус, Влада која ќе можат да ја командуваат на далечинско во секое време, и Влада која ќе биде крајно сервилна и послана во реализацијата на нивните барања и интереси“.
Таа е убедена дека и покрај тоа што главната цел на доаѓањето на Туск во земјава е мигрантската криза, тој ќе посвети голем дел од времето лично да го убедува претседателот Иванов да се предомисли и да ја смени одлуката во однос на мандатот.
Каракамишева не ја исклучува ниту можноста Туск да му соопшти на Иванов дека ЕУ сериозно ја разгледува опцијата РМ, претседателот лично, а можно е и уште неколку политичари од ВМРО-ДПМНЕ, да бидат подложени на одредени санкции од страна на ЕУ.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име




