Каратистите на „Макпетрол“ на Светската младинска карате-лига освоија сребро и две седми места
![](/media/main/2024/07/20240701084525.jpg)
Објавено во: Мои пари 01 Јули, 2024
Сребрен медал и два пласмани на седмо место се резултатите што каратистите на „Макпетрол“ ги остварија на Светската младинска карате-лига. На турнирот што од 27 до 30 јуни се одржа во хрватскиот град Пореч, Стефан Стојановиќ заврши на втората позиција (+84 кг.). Седми во своите категории беа Данило Божовиќ и Витомир Трајковски.
- За оваа Светска лига се подготвувавме сериозно, имавме вкупно пет спортисти во групата на постари јуниори (У21). Сите наши претставници имаа добри настапи. Освоивме еден сребрен медал и остваривме два високи пласмани на седмо место со Данило Божовиќ и со Витомир Трајковски. Бевме близу до освојување и на втор медал. Трајковски (-84 кг.) не настапи во репасажот во борбите за бронза бидејќи уште во првата борба се повреди (фрактура на раката). Потоа оствари две победи со скршена рака, но повеќе не можеше и затоа без борба ја предаде репасажната борба која можеше да го донесе бронзениот медал - изјави Петар Заборски, тренер на „Макпетрол“.
Во категоријата под 84 килограми Витомир Трајковски ги оствари следните резултати против: Мохамед-Амине Баџу (Мароко) 1-0; Ештон Патрик (Англија) 3-2; Немања Микулиќ (Црна Гора) 0-6. Данило Божовиќ имаше мечеви со следниве противници: Хасан Хусин (Египет) 0-0; Тони Пипл (БиХ) 4-0; Лазар Потпара (Црна Гора) 0-3. Јована Мицовска ја порази Аурора Кампобасо од Италија со 5-3, додека загуби од Александра Давидова (Латвија) со 0-7. Димитар Лозаноски беше подобар од Јаник Боехлер (Австрија, 4-0), а со Анџело Ингенито од Италија заврши 0-0.
Стојановиќ во финалето во категоријата над 84 килограми се бореше со претставникот на Египет, Хусин Камел Хасан. Конечниот резултат беше без поени, 0-0, но членот на „Макпетрол“ не го освои првото место како резултат на судиското изјаснување, што беше во полза на египетскиот спортист. На Светската Карате 1 Младинска лига во Пореч настапија 3,639 каратисти со 3,714 натпреварувачки влезови од 74 држави.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ТООП проценти 6,6 отсто - Халкбанк со промотивен период за аплицирање за Visa Vita или Mastercard Credit Contactless картичките
![](/media/main/250x170/2024/07/20240703100606.jpg)
Никола купи стан од Голден Арт – и доби уште еден гратис!
Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок во заштитата на животната средина
![](/media/main/250x170/2024/07/20240702170003.jpg)
ШПАРКАСЕ БАНКА И VISA СО НОВА НАГРАДНА ИГРА ЗА МЛАДИ! Влези во игра и патувај за Берлин или Амстердам!
Планирате да останете надвор? Gorenje има совршено решение за подготовка на скара каде и да посакате
![](/media/main/250x170/2024/07/20240702134450.jpg)
Најголемата е-книжарница www.literatura.mk слави роденден со подароци за читателите
![](/media/main/250x170/2024/07/20240702133411.jpg)
ТАВ МАКЕДОНИЈА ДОНИРАШЕ ХРАНА И ХИГИЕНСКИ СРЕДСТВА ЗА СЕМЕЈСТВА ВО СОЦИЈАЛЕН РИЗИК КОИ ЖИВЕАТ ВО ОПШТИНА ИЛИНДЕН
![](/media/main/250x170/2024/07/20240702122811.jpg)