05 Јули, 2024
0.0288

ГРУЕВСКИ ГИ КАЖА ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОПИСОТ ВО АЛБАНИЈА: Вели добил информации од македонското население таму, нашите биле вознемирени

Објавено во: Македонија 03 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Се огласи и екс премиерот Никола Груевски за пописот во Албанија, каде брјпт на  Македонци изнесува околу две илјади лица.

„Деновиве излезе информацијата дека на пописот во Албанија околу 7.000 од Македонците се декларирале како Бугари, а само околу 2.200 се декларирале како Македонци, кои уште ги нарекле и северно Македонци. На сите претходни пописи по втората светска војна во Албанија немало попишани кои се изјасниле за Бугари, вклучително и на последниот попис во 2011 година.

За мене ова не е изненадување. За ова пишував и апелирав минатата година со моја фб објава на 23 септември 2023 година.

Според информациите од теренот има три главни причини.

Првата причина според сите информации кои ги добив од теренот, е дека државата Албанија овозможи на бугарската влада вештачки создавање бугарско малцинство во Албанија на сметка на македонското, процес кој официјално започна во 2017 година со признавање на непостоечко бугарско малцинство во Албанија и продолжи на овој попис преку специјален пописен инжињеринг со кој голем дел од македонското население се попишани како Бугари.

Пописот не е правен со пишување на хартија, туку со допир на т.н.таблети во кои попишаниот нема никаков увид или личен допир, туку попишувачите прашуваат и внесуваат податоци за сѐ, но во 95 отсто од случаите само тие гледаат и знаат што внесуваат. Тие подароци најчесто попишаниот не може ни да види дали правилно се внесени, а на крајот на денот може и да се променат во некои сегменти доколку има потреба. Со оглед што во овие прилики нема потпис на потпишаниот, нема никаков доказ, кој што кажал дека се чувстува.

Информациите кои ги добив од Албанија кажуваат дека македонското население таму е вознемирено од резултатите од пописот, и свесно е дека се нереални.

Исто така таму се смета дека свесно е направен пописен инжињеринг во делот на вкупното население во државата, со цел да се прикаже помногубројно, заради влечење поголеми средства од ЕУ во многу проекти каде парите на земјите од регионот се делат според бројот на жители.

Информациите велат дека бројката од околу 2,4 милиони жители не е реална, ако се спореди со бројот на лица кои според европската агенција за статистика Еуростат годишно се иселуваат од Албанија во ЕУ, навраќајки се наназад и споредувајќи и мерејќи со претходните пописи.

Според тие пресметки, реално бројот на жители во Албанија треба да е помеѓу 1,6 и 1,7 милиони жители.

Но, тоа е друг проблем кој не е предмет на овој текст.

Се смета дека ваквиот пописен инжињеринг во кој предмет на изигрување се етничките Македонци кои живеат во Албанија, не може да не е тивко договорен помеѓу двете влади со активно вклучување на дипломатијата и пред се тајните служби.

Сосема логично е дека Албанија за ова би добила одредени концесии за возврат, можеби поврзани со зголемена подршка во почнувањето и процесот на преговори со ЕУ, а секако и пофалби на земја членка на ЕУ која одблиску го следела пописот и отценила дека е многу професионално и демократски спроведен, особено значајно за Албанија во светлина на вкупниот број на жители.“ е дел од неговиот текст објавен на фејсбук.



Можеби ќе ве интересира

НОВ ДИРЕКТОР НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ Е Д-Р СИНИША СТОЈАНОВСКИ: Д-р Марија Андоновска ќе раководи со ИЈЗ

НОВ ДИРЕКТОР НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ Е Д-Р СИНИША СТОЈАНОВСКИ: Д-р Марија Андоновска ќе раководи со ИЈЗ

ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ ЗА ИЗЈАВАТА НА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ДЕКА СЕ ОДГОВОРНИ КОН ДОГОВОРОТ: Ги пренесуваат сите нејзини ставови

ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ ЗА ИЗЈАВАТА НА СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ДЕКА СЕ ОДГОВОРНИ КОН ДОГОВОРОТ: Ги пренесуваат сите нејзини ставови

„ТАРАВАРИ НАЗНАЧИ 11 ДИРЕКТОРИ НА КЛИНИКИ, ДЕСЕТ СЕ МАКЕДОНЦИ, ЕДЕН ТУРЧИН, НЕМА АЛБАНЕЦ“: „Секој ден се докажува зошто Алијанса мораше да остане со Албанците“-лавина реакции

„ТАРАВАРИ НАЗНАЧИ 11 ДИРЕКТОРИ НА КЛИНИКИ, ДЕСЕТ СЕ МАКЕДОНЦИ, ЕДЕН ТУРЧИН, НЕМА АЛБАНЕЦ“: „Секој ден се докажува зошто Алијанса мораше да остане со Албанците“-лавина реакции

„АКО НЕ, ПОВТОРНО ДА ЈА ВРАТИМЕ ГОСПОЖА КАТИЦА ЈАНЕВА НА СПЕЦИЈАЛНА МИСИЈА“? Актерот Јовановски им се обрати на амбасадорите

„АКО НЕ, ПОВТОРНО ДА ЈА ВРАТИМЕ ГОСПОЖА КАТИЦА ЈАНЕВА НА СПЕЦИЈАЛНА МИСИЈА“? Актерот Јовановски им се обрати на амбасадорите

„ДУРИ И ШАХТИТЕ ГИ СМЕНИВМЕ, НО ДОГОВОРОТ ИМА ДВЕ СТРАНИ И ДРУГАТА ТРЕБА ДА ПОКАЖЕ КООПЕРАТИВНОСТ“: Силјановска - Давкова за Преспанскиот договор

„ДУРИ И ШАХТИТЕ ГИ СМЕНИВМЕ, НО ДОГОВОРОТ ИМА ДВЕ СТРАНИ И ДРУГАТА ТРЕБА ДА ПОКАЖЕ КООПЕРАТИВНОСТ“: Силјановска - Давкова за Преспанскиот договор

ГОРИВО ПРЕТУРААТ ВО ТУБИ ИЛИ ВО КАНТИ – шокантни откритија на ревизорите за работењето во претпријатието за одржување патишта

ГОРИВО ПРЕТУРААТ ВО ТУБИ ИЛИ ВО КАНТИ – шокантни откритија на ревизорите за работењето во претпријатието за одржување патишта

„ВО МИНАТОТО СЕ ОДОБРУВАЛЕ И ПЕЧАТЕЛЕ УЧЕБНИЦИ ЗА КОИ ИМАЛО И НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ ОД РЕЦЕЗЕНТСКИТЕ КОМИСИИ“: Јаневска има докази дека ниеден учебник за 7-мо одделение не е пуштен во печат

„ВО МИНАТОТО СЕ ОДОБРУВАЛЕ И ПЕЧАТЕЛЕ УЧЕБНИЦИ ЗА КОИ ИМАЛО И НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ ОД РЕЦЕЗЕНТСКИТЕ КОМИСИИ“: Јаневска има докази дека ниеден учебник за 7-мо одделение не е пуштен во печат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Премиерот реагира дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи и бара ако имаат решенија да понудат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Премиерот реагира дека амбасадорите се мешаат во внатрешните работи и бара ако имаат решенија да понудат

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Не сум видела натпис во Грција со „Северна“

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Не сум видела натпис во Грција со „Северна“