05 Јули, 2024
0.0280

Што работел Коце Трајановски изминатите години пред да стане директор на „Државни патишта“?

Објавено во: Економија 03 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Поранешниот градоначалник на Град Скопје и Општина Гази баба, Коце Трајановски, според засега медиумски информации, е назначен од Управниот одбор на „Државни патишта“ за нов директор на ова јавно претпријатие на местото на Ејуп Рустеми. Во меѓувреме бил управител на фирма што практично не остварувала никакви приходи.

Последната државна функција која ја извршувал му беше онаа како скопски градоначалник до крајот на 2017. Според она што го проверивме во „Централниот регистар“, на негово име фигурира само една фирма на која Трајановски станал косопственик во 2018, годината по поразот на локалните избори.

Поранешниот пратеник станал косопственик на „Косистеми Доо“ во јуни 2018, а претходно оваа фирма за „производство на земјоделски производи, трговија и услуги“ е регистрирана во 2014. 

Трајановски е управител на ова претпријатие, во кое останатиот косопственик е неговата сопруга Душанка Трајановска.Во фирмата варирале промени во дејноста од „одгледување на останати повеќегодишни посеви“ до „изградба на станбени и нестанбени згради“. 

Претходното име на „Косистеми“ било „Природна органска храна“, а според претходен медиусмки извештај, ова претпријатие поседувало три градежни парцели во скопска Керамидница. Во 2023 нема остварени приходи, а има трошоци од 7.500 евра. Нема ниту податок за број на вработени.

Трајановски како раководител на Јавното претпријатие за државни патишта ќе има неколку сериозни предизвици со кои ќе треба да се справува, како изградбата на автопатите Кичево - Охрид и Скопје - Блаце, а тука е и проектот со „Бехтел и Енка“ за автопатските делници од Коридорот 8 и Коридорот 10Д. ЈПДП лани оствари добивка од безмалку 100 милиони евра, но прашање е колку е таа реална, бидејќи од државниот буџет беа префрлени околу 240 милиони евра за конзорциумот „Бехтел и Енка“, а непознато е колку од овие пари се реализирани.

Трајановски ретко се појавува во јавност, но во последно време издвојуваше биографски белешки за тоа дека бил 16 години програмер во МЗТ, а потоа отворил фирма за софтвер која ја затворил пред да стане пратеник.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Koлку германски компании го практикуваат ова?

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Koлку германски компании го практикуваат ова?

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ НЕВРАБОТЕНИ ОТКОЛКУ ВО ХРВАТСКА - во „морската“ држава сѐ повеќе се бараат работници

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ НЕВРАБОТЕНИ ОТКОЛКУ ВО ХРВАТСКА - во „морската“ држава сѐ повеќе се бараат работници

ЧИПОВИТЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ГИ „КАТАПУЛТИРАА“ РЕЗУЛТАТИТЕ НА SAMSUNG: Компанијата очекува уште една добра година

ЧИПОВИТЕ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ГИ „КАТАПУЛТИРАА“ РЕЗУЛТАТИТЕ НА SAMSUNG: Компанијата очекува уште една добра година

ПЛАТЕТЕ ГО ВЕДНАШ ДОСПЕАНИОТ ДАНОК ПО ДЛД-ГДП ЗА 2023 ГОДИНА И ИЗБЕГНЕТЕ ПРИСИЛНА НАПЛАТА ОД УЈП!!- се огласија од даночната администрација

ПЛАТЕТЕ ГО ВЕДНАШ ДОСПЕАНИОТ ДАНОК ПО ДЛД-ГДП ЗА 2023 ГОДИНА И ИЗБЕГНЕТЕ ПРИСИЛНА НАПЛАТА ОД УЈП!!- се огласија од даночната администрација

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?