27 Април, 2024
0.0282

Катерина Николовска ќе ja илустрира едицијата „Бајки од Македонија“

Објавено во: Мои пари 04 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Младата илустраторка Николовска e добитник на паричната награда од 200.000 денари, што ја доделува Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ–„Браво сине!“. Едицијата „Бајки од Македонија“ ќе биде издадена во мај годинава, кога ќе може да се најде и во продажба

Креативното решение на Катерина Николовска за илустрација на едицијата „Бајки од Македонија“ победи на отворениот конкурс за избор на млади дизајнери-илустратори што го организираше Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“. Николовска во следниот период целосно ќе ги дизајнирачетирите бајки „Вејко Северко“, „Двата цара“, „Момчето што се скри во златното јаболко“ и „Девојчето и 12-те месеци“. Финалното печатено издание на едицијата „Бајки од Македонија“во мај 2016 година ќе биде издадено од страна на издавачката куќа „Арс Ламина“, која е партнер во проектот.

FOTO_Bravo sine_1

Паричната награда од 200.000 денари за победничкото решение на конкурсот ја обезбеди Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“.

Навистина ми претставува огромно задоволство што во толку голема конкуренција победија токму моите илустрации. Наградата претставува вистинска мотивација, но најголема мотивација и радост за мене е можноста да работам на целосна илустрација на бајките. Средствата од наградата ќе ги искористам за дополнително професионално усовршување, особено во 3Д-дизајнот, кој станува особено атрактивен сегмент во креативниот сектор, истакна авторката на победничкото решение, Николовска.

На отворениот конкурс се пријавија 38 дизајнери-илустратори,кои понудија различни стилски решенија. Сите пристигнати решенија беа разгледани од Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ и претставниците на издавачката куќа „Арс Ламина“, по што беше избрано победничкото решение штобеше оценето како најсоодветно за проектот „Бајки од Македонија“.

За нас беше многу пријатно изненадување што на конкурсот пристигнаа толку голем број решенија. Имавме тешка задача да одбереме една од навистина солиднитеилустрации. Особено задоволство за нас претставува сознанието дека во Македонија има сериозен креативен потенцијал кај младите, што е дополнителен поттик за продолжување на нашата мисија и во следниот период. Искрено се надеваме дека новиот проект „Бајки од Македонија“ преку оригиналните илустрации ќе им биде омилено четиво на децата, изјави Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“.

Покрај Николовска, професионален ангажман за илустрација на книги им биде понуден и на Оливер Коларовски и авторскиот тим на Милош Ѓуровски. Тие ќе бидат ангажирани на посебни проекти на издавачката куќа „Арс Ламина“.

Тргнувајќи од сознанието дека читателската публика се создава уште од најрана возраст, за нас овој проект е од огромно значење. Ние посветуваме големо внимание налитературата за деца, па затоа проектот „Бајки од Македонија“ за нас е особено важен, бидејќи освен што ќе ја збогати понудата за најмладата читателска публика, истовремено претставува спој на модерните трендови во визуализација на бајките и автентичното народно творештво. Да се пренесе традицијата на начин разбирлив за новите генерации е вистински предизвик,изјави Билјана Црвенковска, уредник во „Арс Ламина – публикации“.

FOTO_Bravo sine_2

Во изборот на приказните од македонското народно творештво стручна поддршка во изборот даде и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“.

„Бајки од Македонија“ е втор проект на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине“. Минатата година успешно беше реализиран првиот проект „Слатко со идентитет“.

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ– „Браво сине!“, чијашто цел е поттикнување и поддршка на талентот и креативноста кај младите во функција на создавање силни национални брендови го носи името на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг индустрија –Иво Лауренчиќ. Во активностите на движењето се вклучија голем број претставници на јавниот живот, бизнисмени, уметници, членови на академската заедница, како и луѓе од креативната индустрија од земјава и целиот регион.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг