26 Април, 2024
0.5816

Катица Јанева: Будно следете го предметот „Таргет Тврдина“

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Главната обвинителка на СЈО, Катица Јанева, ја повика јавноста внимателно да го следи судскиот процес на предметот „Таргет Тврдина“ за време на денешната конференција во организација на ОБСЕ.

Таа ги негираше тврдењата на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој вчера за време на рочиштето во судницата рече дека бил предмет на прислушување. Мијалков како обвинет во случајот тврдеше дека не може да се гарантира дека не прислушувал некој друг. 

-Обвинетиот Сашо Мијалков не бил таргет во прислушувањето, но биле други блиски до него фамилијарно. А тоа кој прислушувал има докази дека прислушувањето се случувало додека тој бил директор на УБК и по негова наредба. Има докази за тоа во предметот на СЈО и апелирам до јавноста будно да го следи овој предмет – рече Јанева на денешната конференција во организација на ОБСЕ.

„Опремата по случаен избор ги фаќа броевите од најблиската базна станица, па така го видов бројот на мој пријател, чиј разговор го слушавме. По тоа што заедно го слушнавме, како можете да гарантирате дека некој на ваков начин нема извршено вакво прислушување?“ беше едно од прашањата кое вчера Сашо Мијалков му го упати на сведокот Звонко Костовски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“