Катица Јанева повеќе не е чело на СЈО
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2019
И официјално Катица Јанева веќе не е главна на специјалното јавно обвинителство.
Таа беше разрешена од страна на пратениците со 102 гласа „за“ без воздржани и против.
За оваа одлука гласаа „за“ и 27 припадници од заедниците кои не се мнозинство.
Следно Собранието треба одлуката за разрешување да ја достави до Советот за јавни обвинители.