Катица Јанева за Фактор: Овој или новиот состав на Парламентот ќе мора да ги усвои барањата на СЈО
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2016
СЈО
ќе продолжи да инсистира да бидат изгласани
измените на Законот за Специјалното
јавно обвинителство и на Законот за
заштитени сведоци, вели за Фактор Катица
Јанева по денешната одлуката на Собранието
да не ги поддржи барањата кои ги достави
СЈО до Законодавниот дом .
„Овој или следниот парламентарен состав ќе мора да ги усвои потребните измени на Законот за Специјалното јавно обвинителство“ - децидна е Специјалната јавна обвинителка.
Според Јанева , СЈО со несмален интензитет ќе работи на сите случаи побврзани со аферата „Прислушување“ за кои постојат индиции за против законско работење.
„Не исклучувам и понатаму да продолжат обидите за опструирање на нашата работата, но СЈО ќе ги користи сите механизми за непречено функционирање и нема да отстапиме од она што е наша мисија и задача“- порачува Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Инаку владејачкото мнозинство гласаше против измените на Законот за Специјално јавно обвинителство и на Законот за заштитени сведоци да се носат по скратена постапка. ВМРО ДПМНЕ обвини дека СЈО е продолжена рака на СДСМ, додека опозицијата тврдеше дека власта се плаши од истрагите за криминал.
Горазд Чомовски