30 Април, 2024
0.0316

Катимерини за името: Во Грција се забележуваат политички поделби

Објавено во: Балкан 29 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, и неговиот македонски колега Никола Димитров се подготвуваат за средба во Виена со специјалниот претставник на ОН за прашањето за името Метју Нимиц, но во меѓувреме во Грција се забележуваат политички поделби. 

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, изјави дека неговата Влада подготвува трајно решение за спорот со името.  Тој рече дека преговараат со чувство на национална одговорност со цел да постигнат решение што ќе ги задржи нивната историја и наследство, а истовремено ќе го отфрли иредентизмот од другата страна.

Неговите коментари следеа по изјавата на гувернерот на грчката провинција Централна Македонија, Апостолос Цицикостас, според кој ќе биде изнајдено решение, доколку не го вклучува зборот Македонија во новото име, што се поклопува со позициите на помалиот партнер во грчката владина коалиција – партијата „Независни Грци“ и на нејзиниот претседателот Панос Каменос.

Коѕијас и Димитров утре под посредство на медијаторот Метју Нимиц ќе остварат средба во Виена, на која ќе бидат разгледани позициите на двете страни во врска со изнаоѓање решение за долгогодишниот спор.

Можеби ќе ве интересира

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот