Добивај вести на Viber
Новоотворената катна гаража „Разловечко востание“, во близина на седиштето на Сојузот на синдикатите на Македонија и ГТЦ, издава под закуп деловен простор од 3.200 м2.
Во огласот објавен од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, се нагласува дека просторот е во фаза на доуредување, но дека сега е време компаниите да пројават интeрес и просторот да се усогласи според нивните потреби.
„Сите заинтересирани кои сакаaт да го земат деловниот ппростор под закуп нека пројават интерес за да можеме да го планираме овој деловен простор и да го разделиме соодветно според нивните потреби. Цената за метар квадратен сè уште не можам да ја кажам затоа што зависи од интересот, делбата и ентериерното уредување. Можам само да гарантирам дека ќе бидеме пониски од околните деловни простории кои се во овој дел, онака како што стопанисуваме со катната гаража“, вели директорот на Акционерското друштво Цветко Грозданов.
Доколку нема заинтересирани за закуп, постои можност просторот да се продава. За купување на дел од деловниот простор интерес изразила една банка, но сепак било одлучено предност да му се даде на издавањето.
Катната гаража „Разловечко востание“ беше пуштена во употреба на 2-ри август. Закупците на деловниот простор во катната гаража ќе имаат поволности и при паркирањето.