11 Декември, 2025
0.4992

Кенијците се откажуваат од ручекот за да имаат пари за СМС

Објавено во: Свет 12 Ноември, 2012 20:20

Добивај вести на Viber

Можноста за користење на мобилните телефони донесе подобрување и на животот на сиромашните луѓе. Сепак, колку е корисно да има мобилен телефон некој кој преживува со помалку од 15 долари дневно, колку според  Светска банка е прагот на сиромаштија? Истражувањето во Кенија покажало дека луѓето се спремни да прескокнуваат оброци или да одат пеш место да плаќаат за автобуски билет, само за да имаат пари за зборување на мобилен телефон, пренесува „Економист“. Неделниот трошок за телефон во Кенија просечно изнесува нешто повеќе од 72 Кениски шилинга (околу 84 американски центи) што не е малку ако се земе во предвид дека дневно овдешните работници можат да заработат по 1 долар. Сепак, извештајот „iHub“ во Кенија, покажал дека дел од луѓето се буквално спремни да се откажат од месото во исхраната, со надеж дека така ќе бидт во можност да направат повик или испратат СМС текст, за кој пак веруваат дека подоцна ќе им овозможи да имаат повеќе храна на масата. Половина од испитаниците користеле мобилни телефони со кои имаат пристап до интернет. Ваучерите со кои Кенијците ги плаќаат своите сметките за мобилен телефон, се плаќаат по разговор, наместо по сообраќај во минути. Во меѓувреме, мобилните оператори има обезбедено слободен пристап до сајтови како Википедија за да ги намамат клиентите. Сепак, само 16 проценти од испитаниците изјавиле дека користат мобилни телефони за интернет. Вистински пробив на кенискиот пазар беше можноста луѓето испраќаат и да примаат пари. Дури две третини од корисниците ја користеа ваквата опција. Најголемиот успех во Источна Африка беше „М-Pesa“, систем за трансфер на пари преку мобилните оператори кој работи на било кој мобилен телефон. Овој мобилен систем дозволи движење на околу 8,6 милијарди долари во првата половина на годината. Меѓутоа, успехот на „М-Pesa“ не и побегна на Владата која се бори за да ги исполни своите финансиски обврски. Министерството за финансии сега планира да воведе данок од 10 отсто на прфитот кој го земаат мобилните оператори со монетарните трансакции. Овој трошок ќе биде неизбежно пренесен на потрошувачите, вклучувајќи ги и оние кои се многу сиромашни.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени

(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени

Трамп за Европа: Мислам дека се слаби

Трамп за Европа: Мислам дека се слаби

Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?

Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?

Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?

Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?