18 Мај, 2024
0.0463

Кежаровски кој велеше дека „и брцнал во око на тогашната власт“ нема да одговара во случајот „Ликвидација“

Објавено во: Македонија 03 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Томислав Кежаровски нема да одговара во случајот „Ликвидација“. Ова станува јасно од денешната одлука на ОЈО со која делото се поништува поради застареност.

Кежаровски е познат како критичар и новинар осуден за пишан збор, а со неговата пресуда беше осудено целото новинарство во Македонија.

Во текот на вчерашниот ден Кежаровски најави дека тргнува по втор пат да ја истера правдата, и на некој начин тоа се случи.

- Утре точно на пладне, во Кривичниот суд во Скопје, тргнувам по втор пат да ја истерам правдата на виделина, една од основните омилени филозофско-рекреативни на народот населен на овие простори, општоприменлива во последните триесетина години. Од делителите на правдата не сакам многу....Сакам само фер и правично судење. Ништо повеќе....Сакам одлуката дали ќе бидам осуден или ослободен од обвинението да се донесе во судот, а не некаде надвор од него, во некоја канцеларија или можеби хотелска соба, објави Кежаровски на Фејсбук.

Случај „Ликвидација“

Новинарот Томислав Кежаровски беше уапсен на 28 мај 2013, кога рано утрото десетици вооружени специјалци го опседнаа неговиот дом и оттаму со лисици на рацете го одведоа пред истражен судија. Полицијата предводена од тогашната министерка Гордана Јанкулоска, случајот го нарече „Ликвидација“, а освен Кежаровски беа уапсени судии, адвокати и обвинители.

По неколку месеци, на 21 октомври 2013 беше изречена пресудата. Кежаровски беше осуден на четири ипол години затвор за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“, во кој беа обвинети лица за нарачано убиство на старец од истоименото велешко село.

Новинарите во Македонија и меѓународните новинарски здруженија реагираа на оваа казна, а тогашниот премиер Никола Груевски за висината на казната рече дека тоа било одлука на Судот.

-Случајот и пресудата за новинарот Томислав Кежаровски не е работа на извршната власт, таа е во надлежност на судската власт која е слободна и независна, изјави тогаш Груевски.

На 23 октомври новинарите одржаа протест за поддршка на Кежаровски, но беа брутално спречени од специјалците кои им ги испрати екс министерката Гордана Јанкулоска, за да ги спречи да се приближат до Музејот на македонската борба. Протестот заврши со палење на свеќи за помен на мртвата македонска демократија, а снимателите и фоторепортерите ги оставија камерите и фотоапаратите пред нозете на полицајците.

Затворската казна за Кежаровски беше споменувана и во извештаите на Американскиот Стејт Департмент, за кој тој беше политички затвореник. Апели за преиспитување на пресудата дојдоа и од Европската Унија.

Апелациониот судму ја намали казната затвор на две години и тој требаше да одлежи уште четири месеци, но поради влошена здравствена состојба на 20 јануари 2015 година, беше ослободен со условен отпуст.

Потоа, судот во Велес донесе ослободителна пресуда за убиството на старецот во Ореше, случај за кој беше осуден Кежаровски дека открил идентитет на заштитен сведок. Во пресудата пишува дека заштитениот сведок не бил заштитен, туку лажен сведок.

Кежаровски на промоцијата на „Живот во кутија“ рече дека случајот „Ореше“ бил параван за да го осудат. Тој вели дека го затвориле затоа што „и` брцнал во око на тогашната власт“.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“