07 Мај, 2024
0.0245

КХВ: Како во сите предмети, така и со понудата за преземање на „Макпетрол“ работиме професионално и законски

Објавено во: Економија 21 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Целосно професионално и законски работиме во постапките за преземање на акционерските друштва, соопштуваат од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија .

Оттаму нагласуваат дека во јавноста биле изречени невистини во однос на постапувањето на Комисијата за хартии од вредност на РМ, во врска со понудата за преземање на ,,Макпетрол,, АД Скопје дадена од ,,Балкан Петролеум,, Холдинг Лимитед. 

„Комисијата како и во многу наврати така и овој пат потенцира дека во однос на сите предмети, па и во однос на барањето за преземање, постапува целосно одговорно и професионално, исклучиво согласно законската регулатива што важи во Република Македонија и тоа: Законот за преземање на акционерски друштва, Законот за хартии од вредност, Законот за општата управна постапка и Кривичниот законик, како и сите релевантни подзаконски акти. Понудата за преземање на ,,Макпетрол,, АД Скопје дадена од ,,Балкан Петролеум,, Холдинг Лимитед  уште од самиот почеток се третира и обработува професионално, стручно и одговорно што е единствено прифатливо за Претседателот и комисионерите, како и за Стручната служба, а е потврдено и од второстепениот орган кој одлучува по жалба на странките во повисок степен.

Засегнатите страни имаат право да го презентираат своето мислење во однос на работењето на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, но не и да соопштуваат пред јавноста невистини и закани“, се посочува во соопштението за медиумите.

Велат дека транспарентноста на Комисијата за хартии од вредност на РМ е основно начело на нејзиното работење, но се разбира димензионирано во согласност со важечката законска регулатива. 

Комисијата за хартии од  вредност на РМ како регулатор на пазарот на хартии од вредност при постапувањето по предметите на странките без исклучок води грижа да не им нанесе штета по нивниот углед и интересите, но истовремено ги штити и правата на малцинските акционери.

Можеби ќе ве интересира

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?

Интервју со Бранко Азески - Како да се излезе од маѓепсаниот круг на низок економски раст?