КХВ на Димитар Поповски и Иљо Кузманов им издаде дозвола да дадат понуда за преземање на „Единство
Објавено во: Економија 13 Февруари, 2017
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 107- мата седница што се одржа денеска на 13 февруари, 2017 година, а со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Елизабета Чингаровска на лицата Димитар Поповски и Иљо Кузманов им издаде дозвола да дадат понуда за преземање на „Единство" АД Струмица.
Понудата се однесува на 20.203 обични акции со право на глас, издадени од „Единство" АД Струмица, кои претставуваат 50,01% од основната главнина на друштвото. Преземачите се обврзуваат да ги откупат хартиите од вредност по цена од 303 денари по акција.
Најмалата количина на хартии од вредност која треба да се прифати, за понудата за преземање да се смета за успешна изнесува 25,03 проценти од вкупниот број на обични акции, со право на глас издадени од "Единство" АД Струмица. Во понудата се наведува дека преземачите Димитар Поповски и Иљо Кузманов би поседувале 75,02% од вкупниот број на обични акции со право на глас издадени од "Единство" АД Струмица.
Понудата за преземање во име и за сметка на преземачите ја дава Одделот за работа со хартии од вредност при "ТТК Банка" АД Скопје.