Ким го напуштил Владивосток четири часа порано
Објавено во: Свет 26 Април, 2019
Лидерот на Северна Кореја го напуштил Владивосток и се упатил кон Пјонгјанг. Агенциите јавуваат дека Ким Џонг Ун тргнал на пат кон Северна Кореја четири часа порано од предвиденото, соопштуваат српските медиуми.
Лидерот на Северна Кореја го
испратиле министерот за развој на Далечниот
исток на Русија Александар Козлов, амбасадорот на Русија во Северна Кореја
Александар Макегоре и гувернерот на Приморскиот регион Олег Кожемјако.
Ким кога ја напуштил зградата во
која престојувал положил цвеќе пред Русите кои го загубиле животот во
Пацификот.