27 Април, 2024
0.0273

Кина го зголеми извозот и стана главен трговски партнер на ЕУ

Објавено во: Економија 20 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Кина стана главен трговски партнер на Европската Унија во периодот јануари-јули 2020 година, со што ги исфрли САД од лидерската позиција што ја имаше во истиот период минатата година, покажуваат податоците на Евростат.

Вкупната надворешно-трговска размена на ЕУ со Кина изнесува 328,7 милијарди евра во првите седум месеци од оваа година, и 323,5 милијарди со САД, објавено е на веб-страницата на Европската агенција за статистика.

Во разгледуваниот период, извозот на 27-члениот блок во Кина изнесуваше 112 милијарди евра, што е за 1,8% помалку на годишно ниво, додека увозот од Кина порасна за 4,9% на 216,7 милијарди евра.

Во исто време, седуммесечниот извоз на ЕУ во САД потона за 9,9 проценти на 203,1 милијарди евра, додека увозот од Соединетите држави падна за дури 11,7 проценти, на 120,4 милијарди евра.

Според агенцијата, податоците за трговската размена на ЕУ со нејзината поранешна членка, Велика Британија, која е трет по големина трговски партнер на Брисел, се уште се поразителни.

Во периодот јануари-јули, извозот од европскиот блок на британскиот пазар опадна за цели 20,5 проценти, на 150,5 милијарди евра, додека увозот од Велика Британија падна за 16,5 проценти, или на 94,8 милијарди евра.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра