КИНА ИЗВЕСТИ: Нула починати од Ковид-19 денеска
Објавено во: Свет 07 Април, 2020
Прв пат од јануари наваму кога почна ширењето на коронавирусот во Кина, денеска нема ниту еден смртен случај во првото жариште на пандемијата. Кинеската национална комисија за здравство соопшти дека се потврдени 32 нови случаи на инфицирани пациенти, што е пад во однос на вчера, кога имаше 39. Сите нови случаи кои се позитивни на Ковид-19 во Кина се пристигнати од странство.
Токму поради ова, официјален Пекинг изрази загриженост од евентуален нов бран на пандемијата во Кина, но предизвикана од странство. Властите ги затворија границите за странски државјани, вклучувајќи ги и оние кои имаат визи за престој. Меѓународните летови се сведени на само еднаш неделно, како за кинеските, така и за странските авио-компании, а авионите не смеат да имаат патници повеќе од 75 отсто од својот капацитет.