11 Декември, 2025
0.4158

Кина планира создавање на азиски блок за слободна трговија

Објавено во: Свет 12 Ноември, 2012 15:37

Добивај вести на Viber

Разговори за создавање на азиски блок за слободна трговија, кој би опфаќал 28 проценти од светскиот бруто домашен производ овој месец ќе започант кинеските власти. Ова би претставувал одговор на создавањето на американското Транспацифичко партнерство (ТПП), кое ја исклучува Кина, изјави јужнокорејскиот министер за трговија Таехо Барк. Регионалното сеопфатно економско партнерство или РЦЕП, би се состоело од десет држави-членки на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) и уште шест земји, Кина, Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд. Покренувањето на преговорите формално би било објавено на самитот на АСЕАН во Пном Пен, кон крајот на овој месец, со цел да се постигне договор за намалување на трговските бариери до крајот на 2015 година. ТПП го лансираше администрацијата на американскиот претседател Барак Обама со цел да се укинат традиционалните трговски бариери и да се создаде основа за поедноставување на трговијата меѓу САД и десет земји од регионот. - Организираме трговска размена со земјите без Кина, со цел Кина да почне да чувствува притисок за исполнување на основните меѓународни стандарди, изјави претседателот Обама во текот на предизборната дебата со противкандидатот Мит Ромни пред три недели. Јужно корејскиот министер на предавање организирано од Центарот за трговија и економска интеграција во Женева истакна дека РЦЕП настанал од првобитниот план да се лансираат трилатерални трговски разговори меѓу Кина, Јапонија и Јужна Кореја. - Некои земји од АСЕАН, загрижени поради трилатералната иницијатива, побараа создавање на поширок договор, додаде Барк.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени

(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени

Трамп за Европа: Мислам дека се слаби

Трамп за Европа: Мислам дека се слаби

Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?

Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?

Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?

Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?