16 Јануари, 2025
0.0303

Кина сака да гради брза пруга на Балканот, ќе биде ли и Македонија дел?

Објавено во: Македонија 11 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Со супер-брз воз ќе се патува од Будимпешта до Солун. Кина е заинтересирана да ја изгради пругата за супербрзи возови на Балканот со која од Будимпешта до Белград би се стигнувало за три часа. Пругата натаму би продолжувала кон Солун. Македонската Влада е информирана за можноста да се гради оваа пруга, но таа се уште е во фаза на планови. „За проектот не информира кинеската делегација при последната посета, но проектот сè уште е во фаза на подготовка и е рано да се каже што ќе содржи“, вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Сегашното модернизирање на пругите од Коридорот 10 се прави за брзина на возовите од 120 километри на час, не за брзина од 160 километри на час. Доколку се прифати учество во проекетот за изградба на брзата пруга од Белград до Солун, тогаш ќе треба одделни делови од пругата во земјава да се изградат одново, а останатите делови само да се прилагодат на планираната брзина од 160 километри на час. Српскиот премиер Александар Вучиќ при неговата посета на Кина договорил реализирање на супер-брзата делница од Белград до Будимпешта, која треба да биде изградена за три години.

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката