02 Мај, 2024
0.1031

КИНЕСКИ КРЕДИТИ: Изградбата поскапа за 17 милиони евра, а изведбата на автопатите доцни!

Објавено во: Економија 08 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Изградбата на автопатите Кичево – Охрид и Миладиновце - Штип, што се градат со кинески кредит, нема да заврши навреме, констатира Државиот завод за ревизија, откако е направен увид во докуменацијата за текот на градежните работи, но и во делот на финансиите.

Наташа Стојановска  

Според добиените извештаи од надзорот наведено е дека, изградбата на автопатиштата се одвива со бавно темпо, односно има доцнење како во делот на градежните работи, така во делот на  финансиската реализација, во однос на она што е планирано и договорено,  посочуваат државните ревизори.

„Со извршената споредба на планот за повлекување на средствата од ЈП за државни патишта, доставен до Кинеската банка, за двата проекти за изградба на автопатиштата, по датуми и износи, од почетокот на април до крајниот рок април 2017 година за Миладиновце - Штип и крајниот рок февруари 2018 година за Кичево- Охрид,  и реалното повлекување на средствата на база на времени ситуации, може да се констаира дека постои значително отстапување, кое укажува дека изградбата на автопатотот не се одвива согласно планот, односо има задоцнување поради што изградбата на двете делници нема да се реализира во предвидениот рок,“ се вели во ревизорскиот извештај.  

Автопат Миладиновце – Штип

Изградбата на автопатот Миалдиновце –Штип,  што треба да биде завршен на први мај годинава, веќе е извесно дека ќе се одолговлечи, сметаат ревизорите врз основа на добиените податоци.

„Согласно досегашната динамика на градење и реалната финансиска реализација која е околу 26% од вкупната вредност на договорот постои ризик изведувачот да не го запази договорениот рок на завршување на проектот, со оглед дека заклучно со март 2016 година поминати се 23 месеци од почетокот на работите а преостануваат уште 13 месеци за реализација, објаснуваат ревизорите.

При тоа се посочува дека кај овој автопат како проблеми се јавиле мала и недоволна активност и реализација на земјаните и бетонските работи.

„Како и мала реализција на количини во досегашните времени ситуации, а помал дел е последица на лошите временски услови од август 2014 година до март 2015 годин, како и нерешените проблеми со дислокациите на мрежите на ЕВН и Телеком, проблеми со експропријација и косините и количините на хумус и одобрувањее на подтлото на делницата Свети Николе Штип,“се наведува во извеештајот.  

Автопат Кичево – Охрид

Ревизорите констатираат дека ќе доцни и изградбата на автопатот Кичево –Охрид, што според договорот треба да биде завршен на 29 јануари  2018 година.

„Согласно досегашната динамика на градење и реалната финансиска реализација која е околу 19% од вкупната вредност на договорот, постои можност изведувачот да не го запази договорениот рок за завршување на проектот со оглед дека аклучно со март 2016 година поминати се 23 месеци а остануваат уште 22 месеци, се наведува во ревизорскиот извештај.  

При изградбата се јавиле  повеќе проблеми.

„ Голем број на неусогласености помеѓу проектната документација и состојбата на терен што предизвикува големи корекции во истата“, е само еден од проблемите со кој се соочува изгрдбата на овој автопат.

Слично како и кај автопатот Миладиновце –Штип, и тука како проблеми се наведуваат мала и недоволна активност и реализација на земјаните и бетонски работи, како и мала реализација на колични во досегашните времени ситуации. Потоа имало и нерешените проблеми со дислокациите на мрежите на ЕВН и Телеком, одредени проблеми со дислокација, нестабилност на косините, и дислокација на надземни и подземни инфраструктурни објекти, дисколакциа на одредени индивидуални станбени и стопански објекти кои се совпаѓаат со трасата на автопатот.

Изградбата поскапе за 17 милиони евра. Опозицијата тврдеше дека власта договарала провизија. Владата негираше.

Освен што ќе доцни изградбата на двата автопати, ревизорите обелоденија дека досега се платени 17 милиони евра повеќе за негативни курсни разлики, врз основа на начинот на кој бил склучен договорот со Кинеската банка, а од друга страна ЈП за државни патиштата овие негативни курсни разлики ги прикажувала како трошок, а не како вредност на инвестицијата.  

Кинескиот кредит со кој се градат автопатиштата е во износ од 580 милиони евра.

Но, земањето на кинеските кредити наиде на реакции во јавноста од самиот старт, бидејќи се сметаше дека нема соодвтена контрола за тоа колку на крајот ќе чини изградбата на овие автопати, а дополнително на терен се ангажирани кинески фирми,  се носат и кинески материјали, што пак сега со ревизорскиот извештај само ги подгрева отворените сомнежи.

Но, исто така изградбата на овие два автопати со кинески кредити е и под лупа на Специјалното јавно обвинителство, кое отвори постапка, по еден од телефонските разговори што ги објави опозицијата, а од кој, според СДСМ, се слуша како поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, договараат провизија.

Можеби ќе ве интересира

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите