КИНЕЗ НА СТО ГОДИНИ: Најстариот заболен пациент успешно го победи коронавирусот
Објавено во: Свет 08 Март, 2020
Роден во 1920 година, маж од Кина вчера ја напуштил болницата во жариштето на епидемијата , Хубеи каде коронавирусот е најзастапен.
Стогодишниот маж, кој меѓудругото има и Алцхајмерова болест, хипертензија и срцева слабост, беше заразен со коронавирус но успешно успеал да го победи по тринаесет дена лекување .
Како што пренесоа кинеските медиуми, тој маж бил и всушност најстариот пациент кој досега се изборил со Ковид-19.