Кирил Каевски: Владиниот авион безбедносно е сигурен
Објавено во: Економија 03 Март, 2019
Поранешниот пилот со огромно искуство зад себе Кирил Каевски денеска за Телма изјави дека владиниот авион е безбедносно сигурен и нема причина од овој аспект да се купува нов ВИП-воздухоплов.
- Во смисла на безбедност нема потреба да се купува нов бидејќи, бидејќи контролно е цеосно исправен. Единствено има логика да се купува доколку е потребен поголем простор затоа што во наредниот период се најавени интензивни посети на наши деегации поради интеграциите во НАТО и ЕУ.- изјави Каевски.
Ваквиот одговор од страна на ветеранот следува откако поранешниот пратеник и актуелен директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство откри дека Владата размислувала да се откаже од стариот „Лирџет 60“ и да купи нов кој би чинел помеѓу 15 и 20 милиони евра.