18 Мај, 2024
0.0283

Кирил Лазаров го најави стартот на школата за ракомет

Објавено во: Мои пари 04 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

По успешно организирано трето издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“, капитенот на националниот тим и најдобар македонски спортист, Кирил Лазаров, со почетокот на школската година го стартуваше проектот „школа за ракомет“ низ целата држава.

Идејата за отварање на школата и претходно ја најави Лазаров и е насочена да му овозможи на секое дете во Македонија, без разлика дали живее во урбана или рурална средина да има можност да тренира ракомет и да се занимава со спортски активности, а како крајна цел формирање врвни спортисти и личности.

„Сакам да ви соопштам дека со почетокот на школската година јас и мојот тим почнуваме со нов проект наречен „ракометна школа“ во повеќе градови низ нашата држава.

Мојот ракометен камп оваа година го имаше третото издание и од година во година се надрадува и можам слободно да кажам дека успеавме да направиме препознатлив бранд во кој што јас како носител на идеата заедно со мојот тим сме посебно задоволни и горди од зацртаното и оствареното.

Меѓутоа, работејќи и создавајќи го тој проект се појави потреба за нов прокет кој што сакаме да го реализираме, а тоа е да бидеме присутни и да работиме квалитетно со македонските деца во текот на 365 дена во годината.

Секој почеток е тежок но предизвикот е голем. Се работи за иднината на нашите деца и нивно правилно насочување во животот од најмали нозе, а како крајна цел нивното изградување не само како спортисти туку и како личности.

Неоспорен е нашиот талент за спорт како Македонци, ќе се обидеме да го искористиме максимално. Време, трпение и подршка ќе ми  биде потребна но ќе работиме стратегиски целно и уникатно.

Не сакаме да бидеме никому конкуренција нити да се споредуваме,сакаме да соработуваме со сите со заедничка цел за напредок на спортот и ракометот во Македонија од најрана возраст.

Сите информации ќе ги добивате на нашата официјална фејзбук страна Школа за ракомет „Кирил Лазаров 7“ (https://www.facebook.com/handballKL7/и во директен контакт со нашите тренери во кои имам потполна доверба.

Се гледаме во сала!!!“ – Кирил Лазаров, носител на проектот Школа за ракомет „Кирил Лазаров 7“

Од агенцијата „КМГ Спорт“ во улога на организатор на школата информираат дека уписите се започнати, а право да се запишат имаат момчиња и девојчиња родени 2003/04 и помали, кои ќе бидат поделени по возраст и врз основа на досегашното искуство во тренирање ракомет.

Во моментот школата ќе функционира во повеќе градови и тоа во Скопје, Куманово, Свети Николе, Богданци, Стојаково, Валандово, Охрид и Струга, со тенденција да се отвараат школи и во останатите градови каде што има услови и интерес.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата