ЌАФАСАН: Во багажник на „БМВ" открилe лице, кое нелегално требало да биде пренесено на македонска територија
Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2025
Дваесетгодишник од Прењас се обидел нелегално да влезе на македонска територија.
Полициски службеници на граничниот премин Ќафасан, на албанско - македонската граница кај Струга, во багажник на aвтомобил „БМВ" открилe лице, кое нелегално требало да биде пренесено на македонска територија.
Како што информираше Полициската управа од Корча, возилото го управувал М.Ч. (25), а затекнатото лице во багажникот е А.Б.(20), двајцата од пограничното гратче Прењас.
М.Ч. е уапсен и ќе одговара за кривично дело „помош за илегално преминување на државната граница“, а за сторено кривично дело „недозволено преминување на државната граница“ ќе одговара А.Б.