ЌЕ БИДЕ БУРНО ВО БРИСЕЛ: Трамп се среќава со неистомислениците од ЕУ
Објавено во: Свет 05 Мај, 2017
Претседателот на САД Доналд Трамп ќе се состане на 25 мај во текот на посетата на Брисел со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, објавија од ЕУ.
„Потврдено“, напишал на Твитер портпаролот на Туск Пребен Аман.
Планирано е Трамп за време на посетата во белгиската престолнина на 25 мај да учествува на самитот на НАТО.
Трамп различно говореше за ЕУ: во јануари рекол дека примерот на Британија која одлучи да излезе од Унијата, веројатно ќе го следат и други земји, но во април рече дека „силната ЕУ е многу важна за САД“.
Каков и да биде ставот на Трамп факт е дека ќе претстои бурна посета.