Ќе биде ли конечно пуштена во употреба пруга од 22 милиони евра во Македонија?

Објавено во: Економија 27 Април, 2022 07:30
По повеќе од три години откако е направена, Железници - Инфраструктура најавува пуштање во употреба на пругата Битола - Кременица со која треба алтернативно да се поврземе со Грција.
Делницата е завршена уште во јануари 2019, три месеци подоцна беше направен технички прием, а од јаавното претпријатие во својот бизнис план за 2022 најавуваат дека ќе биде пуштена во употреба оваа година и дека финансиската конструкција со која е завршена чини 22 милиони евра.
„Во текот на 2022 се планира и пуштање во употреба на реконструираната делница Битола - Кременица во износ од 1.351.700 денари (21,97 милиони евра) финансирана преку ИПА, со што ќе биде предадена целокупната документација од страна на Министерството за финансии“, се вели во бизнис-планот на ЈП ЖРСМ - Инфраструктура.
Тестирањето на пругата и исполнувањето на обврските од грчката страна досега беа единствените изговори за стагнирањето. Пругата Битола-Кременица повеќе од 30 години беше запоставена и низ неа не помина воз. Битолчани, но и бизнис секторот, уште го чекаат денот кога ќе се воспостават првите линии на пругата со која Битола железнички се поврзува со Грција. Големите предизборни ветувања на власта не се исполнети докрај.
Во Пелагонискиот регион, Битола, Ресен, Демир Хисар, над 160 извозно ориентирани фирми го користат пристаништето во Солун. Околу 40 фирми кои работат во Пелагонија, вклучително и Прилеп, а кои се со грчки капитал, исто така сега го користат грчкото пристаниште. Голем бенефит од оваа пруга треба да има и индустриската зона Жабени.
Инаку во инвестициската програма амбициозно се најавуваат реконструкции на пруги и изградба на делници во вредност од околу 40 милиони евра, главно финансирани од меѓународни грантови и заеми, а за Битола - Кременица единствено стои дека треба да се исплатат само уште 200.000 денари за експропријација на земјиште.
Пругата од Битола до пограничното село Кременица, на самата гранична линија со Грција е во должина од 17 километри. Крак со станица за претовар има и во индустриската зона „Жабени“ кај Битола, покрај која минува пругата. Со проектот се изградија 9 мостови, 38 пропусти, 30 премини за животни, нова станична зграда и објект за сигнализација и телекомуникации на потегот меѓу Битола и Кременица.
Проектот за нејзино обновување беше едно од големите ветувања на претходната власт, но тогашниот бугарски конзорциум не ја изгради пругата, ги проби роковите, а подизведувачите ги остави со празни џебови. Инвестицијата треба да го забрза и транспортот на стока и патници.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
КАКОВ ПРЕСВРТ! Откритие што целосно го менува светскиот поредок во борбата за ретките метали

КИНА СЕ ПОТСМЕВА СО ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Капите „Да ја направиме Америка голема пак“ се „мејд ин Чајна“, само сега се поскапи

Димитриеска-Кочоска oд Делфи: Ова е крајот на глобализацијата, од одлуките за царините најмногу ќе трпат САД

ГОЛЕМ ГЕРМАНСКИ БРЕНД ЗАТВОРА ДВЕ ФАБРИКИ - засегнати околу 500 вработени, дел од производството го селат во соседни земји

ТРАМП СТОПИРАШЕ, ПА ЕУ СТОПИРАШЕ: Нема царини во следните 90 дена

КОГА ДИРЕКТОРИТЕ ВЕРУВААТ ВО КОМПАНИЈАТА, А ИМА И ЗОШТО - еве со колку акции се стекнаа членовите на Управниот одбор на „Алкалоид“

ЕВРОПСКИОТ УДАР СКАПО ЌЕ ГИ ЧИНИ: Еве колку ќе плаќа американската економија на европските контра-мерки

„ВАЖЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА“: Фон дер Лајен по одлуката на Трамп

Поддршка за нови енергетски проекти и зајакнување на стратешкото планирање – средба Божиновска со Клаус Милер од КфВ банка
