13 Декември, 2025
0.0316

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Објавено во: Економија 13 Декември, 2025 09:05

Добивај вести на Viber

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески оствари работна средба со раководството на Филип Морис во Скопје во нивните деловни простории, со директорот Иван Костиќ и Василка Салевска, член на УО на Комората. На состанокот беше разговарано за актуелната деловна клима и условите во кои стопанисуваат компаниите во државата. Од Филип Морис, како компанија со странски капитал која повеќе години делува во Македонија, истакнаа дека деловната клима во глобални рамки има свои предизвици,  но, сепак успеваат да ги реализираат предвидените цели и таргети. Укажаа на одрeдени состојби со кои се соочуваат и тие, но и останатите компании од тутунската дејност кои заедно делуваат во Комората преку Здружението за производители на тутун и преработки од тутун. Како општествено одговорна компанија која придонесува во економскиот развој на државата акцентираат на отворените прашања во делот на царинската политика, за која како што велат има простор за одрдени корeкции ако се земе во предвид дека дејноста како извозна гранка има значителен позитивен импакт во буџетот на државата по повеќе основи. 

На средбата, претседателот Азески укажа дека Комората како куќа на бизнисот останува во интерес на компаниите да делува за решавање за сите отворени прашања со кои се соочуваат. Во следниот период ќе се реализира посета и на Тутунскиот комбинат од Прилеп како фирма дел од корпорацијата Филип Морис со цел увид на лице место на производните капацитети. Беше посочено дека од интерес на компанијата е преку споделување на знаење и нови технологии кои го имаат деловните субјекти дел од корпорацијата кои делуваат во други земји, да се имплементираат новини и во производниот капацитет во Македонија за натамошен развој.

     



Можеби ќе ве интересира

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот

Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот

Нема веќе одење во Царинската управа по потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски

Нема веќе одење во Царинската управа по потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски