Ќе биде ли Миленко Неделковски персона нон грата во Бугарија?
Објавено во: Македонија, Балкан 30 Септември, 2016
Aктивирав процедура Миленко Неделковски да биде вклучен во листата со странците, кои се непожелни на територијата на Бугарија, изјави шефот на бугарската дипломатија, Даниел Митов по инцидентот на Кајмакчалан каде Неделковски искрши плоча на бугарски војници.
„Нормално е кога се врши таков тип провокација, која искрено е исклучително грда, во случајот со Миленко Неделковски, целото бугарско општество да реагира. Нема како да останеме рамнодушни. Бугарската влада веднаш реагираше, побаравме од властите во Скопје да се оградат од овој случај“ - вели Митов.
Што се однесува до тврдењата за законитоста и незаконитоста на поставената плоча, објаснува дека ова е иницијатива на група бугарски граѓани кои отишле и се одлучиле да им оддадат почит на загинатите бугарски војници во 1916 година во битката.
„Овој чин не е на бугарската влада, тоа е чин на група граѓани“- кажа Митов.
Имаме направено постапки пред Владата во Скопје за да ја вратиме предметната плоча, појасни тој.