Ќе биде пеколно топло: Африкански бран во Македонија
Објавено во: Македонија 27 Август, 2020
Во текот на следните денови нашата територија ќе биде под влијание на многу топла и стабилна воздушна маса која продира од северните предели на Африка.
Времето ќе биде сончево со мала локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, истиот за време на викендот и на почетокот од следната недела ќе засилува. Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и особено за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени, најтопло ќе биде на самиот почеток од следната недела кога во најтоплите предели од државава максималните температури ќе се искачат до околу 38, 39 степени.
Освежување на времето ќе има од вторник, кога ќе има и позначителен пад на температурите на воздухот.