26 Април, 2024
0.0367

Ќе го вратат ли новите газди дијамантскиот сјај на „Скопски пазар“

Објавено во: Економија 04 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

„Современ дом“ испиша нова страница во корпоративната историја. На дело бизнисмени од македонска и албанска етничка припадност покажаа дека може да соработува без притисоци ако ги обедини работата. „Современ дом“ и ЗСФ КОМ како најголеми акционери ги здружија силите во „Скопски пазар“ и по повеќе од десетгодишно владеење ги сменија браќата Давитковски. Двата големи акционери заедно формираа нов надзорен и нов управен одбор.

„Современ дом“ најголемиот поединечен акционер во „Скопски пазар“ испиша нова страница во 25 годишната корпоративна историја на Македонија. Прилепската компанија што со години беше најголем акционер и тешка опозиција во некогаш најголемата скопска трговска компанија сега ги зеде уздите во раце. „Современ дом“, поддржан од вториот најголем акционери ЗСФ КОМ на градежникот Фатмир Етеми, доби две места во трочлениот надзорен одбор на скопската трговска компанија. Ова е тектонска промена во управувачката структура на компанијата ако се има во предвид тоа што најголемиот акционер до скоро беше опозиција во скопската компанија која порано беше трговски гигант. Изненадувачки, новитет, е партнерството со Фатми Етеми, кој преку неговата градежна компанија ЗСФ КОМ купи 15 отсто од акциите со право на глас и доби едно место во Надзорниот одбор на компанијата.

По конципирањето на новиот надзорен одбор дојде и долго најавуваната промена во менаџментот на компанијата. Браќата Сашо и Тошо Давитковски, кои ја добија на тацна компанијата од нивниот покоен татко Трајко – човекот што од „Скопски пазар“ направи гигант, беа сменети од управниот одбор од најголемите акционери. Управниот одбор на компанијата е во комплетно нов состав и во него има двајца поранешни брокери: Младен Дамев и Велимир Шиповиќ и уште тројца членови на предлог на ЗСФ КОМ, а тоа се: Армент и Бесар Етеми и Озџан Даут. 

Овие промени даваат за право да се верува дека ќе дојде до смирување на страстите и заедничко делување на сопствениците за враќање на пазарните позиции на „Скопски пазар“ компанија која во последниве десетина година ги губи во континуитет своите пазарни позиции предводена од браќата Сашо и Тошо Давитковски кои го наследија раководењето со трговскиот гигант од нивниот татко Трајко.Аргумент во прилог на оваа теза е и следново: 

„Скопски пазар“ некогашниот трговски гигант во главниот град добива бескаматна позајмица од својот најголем акционер прилепската компанија „Современ дом“, официјално е објавено на Македонската берза за хартии од вредност. Станува збор за позајмица за која „Скопски пазар“ нема да плаќа камата и која е со рок на отплата од 180 дена односно 6 месеци. „Современ дом“ на „Скопски пазар“ ќе му позајми 220.000 евра и оваа зделка има третман на зделка со заинтересирана страна согласно со Законот за трговски друштва и е одобрена од Надзорниот одбор на компанијата.

Позајмицата е често употребуван инструмент меѓу капитално поврзани компании, но во случајот со „Скопски пазар“ укажува на многу важна промена на односите во акционерската структура. Имено досега најголемиот поединечен акционер „Современ дом“ долго време делуваше како опозиција на менаџерскиот тим односно на управниот одбор, а особено на другите двајца акционери во него браќата Сашо и Тошо Давитковски. Гестот со позајмицата значи дека „Современ дом“ и „Скопски пазар“ од сега па натаму ќе имаат конструктивен и партнерски однос што треба да значи светла перспектива за скопскиот трговски гигант кој во последниве десетина година под палката на браќата Давитковски ги губеше своите пазарни позиции што се одразуваше на приходите и успехот од деловното работење како и на намалување на имотот на оваа компанија која своевремено беше синоним за трговски гигант.

Според акционерската структруа достапна на Централниот депозитар за хартии од вредност „Современ дом“ поседува 24,8 отсто од акциите, Сашо и неговата мајка Тодорка Давитковски поседуваат заедно 23 отсто од акциите, а скопската компанија ЗСФ КОМ има 15,45 отсто од управувачките права.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија