ЌЕ И ЗАДАДЕ ЛИ УДАР НА МЕРКЕЛ: Мартин Шулц се враќа во германската политика
Објавено во: Свет 24 Ноември, 2016
Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц потврдил дека нема да се кандидира по трет пат за претседател на таа институција и дека ќе продолжи да се занимава со политика во Германија.
Како што се наведува, тој би можел да биде главниот проитвкандидат на германската канцеларка Ангела Меркел на претстојните избори за канцелар.
„Нема повторно да се кандидирам за претседател на Европскиот парламент. Се враќам во германскиот Бундестаг како лидер на мојата Социјадемократска партија“, рекол Шулц на конференцијата за новинари во Брисел.
Сега главно прашање е кој ќе го наследи во Европскиот парламент.
Како што се претпоставува, тоа би можел да биде некој од најголемата Европска народна партија.
ЕПП веќе има свој член на местото претседател на Советот на Европа и Европската комисија.
Во Германија, Социјалдмократската партија на Шулц е млад партнер во коалиција која ја предводи Меркел.
Шулц е претседател на Европскиот парламент од 2012 година.