08 Мај, 2024
0.0263

Ќе има брзи промени на Законот за референдум

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Министерството за правда започна постапка за изработка на предлог измени на Законот за референдум и и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните кои треба да бидат готови до крајот на овој месец. Зачудуваат неколку моменти во оваа постапка меѓу кои краткиот и брз рок предвиден за достава на предлози на законските измени, како и тоа што во нив нема да биде овозможен јавен увид и јавна расправа.

Според поставеното образложение на Електронскиот национален регистар на прописи на Република Македонија, цел на предлог законот ќе биде надминување на постоечките проблеми поради неусогласенот на законското решение со Изборниот законик и Законот за судовите.

Референдумот е облик на непосредно изјаснување на граѓаните во одлучувањето за одделни прашања од надлежност на Собранието на Република Македонија, за прашања од надлежност на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, како и за други прашања од локално значење.  

На референдумот граѓаните се изјаснуваат непосредно со тајно гласање. Право на гласање на референдум имаат граѓаните кои имаат избирачко право и се запишани во Избирачкиот список. Референдумот се распишува заради одлучување на граѓаните или за консултирање на граѓаните. 

За референдум овластениот предлагач може да води јавна пропаганда на свој трошок. 

Референдум на државно ниво задолжително се распишува за усвојување на одлука на Собранието за менување на границата на Република Македонија и на одлука за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави.

Досега во историјата на Република Македонија се одржани два референдума на државно ниво, тој за независноста во 1991 и за територијалната организација во 2004 година.

Можеби ќе ве интересира

До 17 часот на претседателските избори гласале 42,32 отсто од гласачите, на парламентарните 46,93 проценти

До 17 часот на претседателските избори гласале 42,32 отсто од гласачите, на парламентарните 46,93 проценти

ПЕТ ЛИЦА ОД АЛБАНИЈА ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО СО ВОЗИЛОТО ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ - несреќата се случила утрово во близина на Радожда

ПЕТ ЛИЦА ОД АЛБАНИЈА ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО СО ВОЗИЛОТО ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ - несреќата се случила утрово во близина на Радожда

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач