Ќе има ли економски придобивки од Договорот од Преспа?
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2018
Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос на денешниот брифинг со новинарите, рече дека Договорот од Преспа е корисен и за двете земји и со помош на европските програми ќе донесе и економски придобивки.
Вели дека тој е национално корисен за нас и заемно корисен и за двете земји.
„Во областа на моите надлежности, економската дипломатија, веќе разговараме како би можеле да имаме програми за поддршка на инфраструктурите и на границите. Регионот на Преспа е навистина преубав, го немав посетено во минатото. Размислуваме итно да искористиме капитали од програмата Интерег за да можеме да имаме еден опиплив резултат, дека решението има резултат во пракса и на економско ниво“- рече Катругалос.
Додаде дека во иднина двете земји ќе треба да ги разгледаат прашањата што се однесуваат на економските страни на Договорот, како што е случајот со производите. Катругалос, кој е надлежен за економска дипломатија и европски прашања, изрази надеж дека со текот на времето ќе бидат видливи и економските придобивки за двете земји.