Ќе има ли измени на законите кои ги бараше Јанева?
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2016
На денешната 123-та седница на Собранието на Република Македонија, на дневен ред на предлог на СДСМ се ставени измените на Законот за заштита на сведоци, по скратена постапка.
Опозицијата за денеска предлага и расправа за изменување на Законот за СЈО. При презентирањето на извештајот за шестмесечното работење на Специјалното јавно обвинителство, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева побара измени на овие два закони, на што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се спротивставија.
И на денешната собраниска седница се очекува пратениците на владеачката коалиција да бидат против предлозите на опозицијата.
Предлозите за измени на овие закони беа доставени во петокот кога пратеничката група на СДСМ ги повикаа сите политички партии во Собранието да дадат поддршка за нивно донесување.