26 Април, 2024
0.0496

Ќе има ли јаглен за РЕК Битола? ЕСМ го продолжи рокот за достава на понуди!

Објавено во: Економија 13 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

ЕСМ објави набавка на вкупно 1,2 милиони тони јаглен за потребите на РЕК Битола и на ТЕЦ Осломеј

Државната компанија за производство на струја ЕСМ го продолжи рокот за достава на понуди за набавка на јаглен за потребите на РЕК Битола и на ТЕЦ Осломеј.

Денеска на веб страницата на државната компанија ЕСМ е објавена измена на тендерската документација со тоа што е продолжен рокот за доставување понуди од заинтересирани продавачи на јаглен. Имено рокот беше до денеска до пладне за кога беше и закажано отварање на понудите по што требаше да следи избор на понудувач. Сега рокот е продолжен за уште пет дена и отварањето на понудите ќе биде во понеделник на 18 октомври еден ден по завршување на првото гласање за локалните избори во земјава.

Со оглед на актуелната ситуација со високата волатилност на цените на струјата на европските берзи кои ги повлекоа нагоре продажните цени на фосилните горива кои се користат како енергенс не е исклучено дека не стигнала ниту една понуда. Исто како што можеби рокот е продолжен затоа што се очекува да стигне и уште некоја понуда.

Заради транспортот на јаглен и ограничувачкиот фактор со постоечката патна инфраструктура јасно е дека за потрените на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј јаглен може да понудат производители од Грција и Косово.

Доколку „Фактор“ добие одговор од ЕСМ за пролонгирање на рокот за набавка на јаглен ќе го објави во целост.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра