ЌЕ ИМА ЛИ НОВО ШОУ: Законот за Јавно обвинителство и денеска ќе „ечи“ во Собрание
Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2020
Во Парламентот денеска ќе продолжи расправата за законот за Јавно обвинителство.
Дебатираа и ставови излагаа професори, актуелни и екс обвинители, адвокати. Дел од нив со остри критики, додека други со поддршка дека законот треба да се донесе што поскоро.
За академик Камбовски законот кој го предлага власта е добар, Калајџиев со поддршка но му пречи продолжувањето на постапките, додека Силјановска и Каракамишева на ист став како опозиционерите.
Фетаи смета дека треба да се вклучи и ЕУ.
Не можеше јавната расправа да помине без шоу , па така пратениците од опозицијата на државниот јавен обвинител Јовески , во текот на излагањето му спуштија транспарент.
Законот ќе влезе во парламентот , но првично треба да заврши јавната расправа, да се соберат мислењата и Владата да изготви предлог,.