20 Април, 2025
0.1121

ЌЕ ИМАМЕ НОВИ ПОВЕЌЕЈАЗИЧНИ ПАСОШИ - не само за Албанците, туку и за другите етнички заедници

Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2021 08:54

Добивај вести на Viber

Владата го менува Законот за патни исправи, а предлог законското решение веќе е испратено до Собранието.

За разлика од сегашниот закон со кој етничките Албанци добиваа двојазични пасоши доколку тоа го сакаа, односно по нивно лично барање, со новиот закон таков пасош ќе мора да им биде издаден по службена должност.

Исто така, пасоши кои се испечатени на нивниот јазик, ќе можат да добијат и другите малцински зедници во земјава, кои се под 20 отсто, како што се Србите, Бошњаците, Ромите, Турците и Власите, доколку тие тоа го побараат.

Од Владата, која се јавува како предлагач на законските измени, велат дека со нив се врши усогласување на конкретни одредби од законот со Законот за употреба на јазиците, како и усогласување со Уставниот закон за спроведување на амандманите.  

„Со донесувањето на Законот за употреба на јазиците, меѓу другите обврски кои произлегуваат од него, се наметна и потребата од усогласување на обрасците за личните документи на граѓаните што ги издава Министерството за внатрешни работи.  Конкретно, за патните исправи како личен документ на граѓаните, произлезе обврската за усогласување во делот на начинот на печатење на обрасците за патните исправи и начинот на запишување на податоците во нив, со цел сеопфатно усогласување на постојното законско решение со законското решение предвидено во Законот за употреба на јазиците, како во делот на законската имплементација на јазиците на сите етнички заедници во државата, така и во терминолошкото дефинирање на различните категории на граѓани од етничките заедници, на начин кој е уреден во Законот за употреба на јазиците“, се вели во владиното образложение.

Покрај наведеното, предвидено е и усогласување на законот со Амандманот XXXIII од Уставо, од аспект на рокот на замена на постојните патни исправи кои го содржат натписот ‘Република Македонија’ со патни исправи со новото уставно име на државата, запазувајќи го рокот наведен во членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите, односно пет години од стапувањето во сила на уставните измени. 

Законот сам по себе нема да предизвика дополнителни фискални импликации. Според објаснувањето на предлагачите, по донесување на Уставниот закон за спроведување на Амандманите, Министерството за внатрешни работи потпишало Рамковна спогодба за изготвување на сите лични документи, за чија реализација биле обезбедни пари од Буџетот на МВР, во износ од 6,5 милиони евра, и согласно претходно утврдена временска динамика, се врши и исплата.

Еве кои се клучните новини што ги носи законот.

„Обрасците на патните исправи на граѓаните кои зборуваат на јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и неговото писмо, по службена должност се печатат и податоците во нив се запишуваат на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и неговото писмо.

Обрасците на патните исправи на граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот што го зборуваат помалку од 20 отсто од граѓаните на Република Северна Македонија, на нивно барање, се печатат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот. На овие граѓани, на нивно лично барање, податоците кои се внесуваат во патната исправа се запишуваат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот“, се вели во законските измени. Исто така, на нивно лично барање податоците за личното име што се внесуваат во патната исправа се запишуваат и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот.

Инаку, во новиот закон се нагласува и дека пасошите кои го содржат натписот ,,Република Македонија“ издадени до денот на отпочнувањето на примената на овој закон, ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во патната исправа, најдоцна до 12 февруари 2024 година.

Примената на законските одредби ќе стартува во втората половина од годинава, поточно од 1 јули.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА: Воз удри во автомобил кај Зелениково

НЕСРЕЌА: Воз удри во автомобил кај Зелениково

ПОВРЕДЕНИОТ ЕФТИМОВ РАБОТИ СО ТИМОТ: Ќе има онлајн решение преку кое секој граѓанин ќе може да пријави неправилности

ПОВРЕДЕНИОТ ЕФТИМОВ РАБОТИ СО ТИМОТ: Ќе има онлајн решение преку кое секој граѓанин ќе може да пријави неправилности

НЕГОТИНЕЦ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ: Украл автомобил и го возел пијан

НЕГОТИНЕЦ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ: Украл автомобил и го возел пијан

ФИЛИПЧЕ: Секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра

ФИЛИПЧЕ: Секој од нас во себе има сила да придонесе да ја направи оваа земја подобра

ГАШИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Нашата должност е заеднички да градиме мостови на разбирање

ГАШИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Нашата должност е заеднички да градиме мостови на разбирање

СЕМЕЈСТВОТО Е МНОГУ БЛАГОДАРНО: Директорката на болницата од Италија дојде во Штип да го види пациентот

СЕМЕЈСТВОТО Е МНОГУ БЛАГОДАРНО: Директорката на болницата од Италија дојде во Штип да го види пациентот

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Најискрено се надевам дека Велигден ќе ни донесе утеха, добра мисла и оптимизам

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Најискрено се надевам дека Велигден ќе ни донесе утеха, добра мисла и оптимизам

МИЦКОСКИ: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

МИЦКОСКИ: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА Е ВО ЧИКАГО: Нека овој наш најголем христијански празник ни донесе мир

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА Е ВО ЧИКАГО: Нека овој наш најголем христијански празник ни донесе мир