11 Април, 2025
0.1161

ЧУДНИ НЕКОИ БЕЛГИЈЦИ: Маж и жена од Антверпен сакале да прошверцуваат златен накит од половина милион евра

Објавено во: Македонија 07 Април, 2025 15:07

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, белгиски државјани, кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Криумчарење согласно член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничените, маж и жена од Антверпен, на 6 април пристигнале во земјава со лет од Виена, па избегнувајќи ја царинската контрола на аеродромот, пренеле непријавени стоки – вкупно 209 парчиња златен накит со тежина од 1.711,1 грама и во вкупна вредност од 479.555 евра.

Откако ја поминале пасошката контрола на Аеродромот во Скопје, осомничените поминале на зелениот канал, каде што поминуваат патници кои немаат стока за пријавување, а второосомничениот при селекција од страна на царинскиот службеник бил упатен на преглед на личниот багаж на скенер, каде било забележано дека двата куфери се наполнети со празни кутии за накит и други непријавени предмети. Тој појаснил дека патува со неговата сопруга која е првоосомничена и дека таа ја поминала пасошката контрола. Нешто подоцна осомничената се вратила и при дополнителен царински преглед, во личниот багаж – ранецот кој го носела била пронајдена непријавената стока – златен накит, која и била одземена“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата странски државјани осомничени за криумчарење на стока која е во вредност од големи размери.

Можеби ќе ве интересира

ВРАБОТЕНИ ВО ЗАТВОРОТ ВО ШТИП СО ДРУГА ВЕРЗИЈА ЗА НАСТАНИТЕ: Го демантираат Пандов, велат се е заведено во рапортни книги

ВРАБОТЕНИ ВО ЗАТВОРОТ ВО ШТИП СО ДРУГА ВЕРЗИЈА ЗА НАСТАНИТЕ: Го демантираат Пандов, велат се е заведено во рапортни книги

„ЗА ВАКВИ ДЕЛА ЗАТВОРСКИТЕ КАЗНИ СЕ ОД 1 ДО 5 ГОДИНИ“: Според Камбовски, казната изречена во тетовскиот суд е законска

„ЗА ВАКВИ ДЕЛА ЗАТВОРСКИТЕ КАЗНИ СЕ ОД 1 ДО 5 ГОДИНИ“: Според Камбовски, казната изречена во тетовскиот суд е законска

ДО КАДЕ Е ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ? Над 250 лица ќе бидат сослушани, еве што открива Тошковски

ДО КАДЕ Е ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ? Над 250 лица ќе бидат сослушани, еве што открива Тошковски

АНА ПАВЛОВСКА ДАНЕВА ОТКРИ ДАЛИ ПОЛИТИКАТА ИМАЛА ВЛИЈАНИЕ ПРИ НЕЈЗИНИОТ ИЗБОР ЗА УСТАВЕН СУДИЈА: „Апсолутно секогаш имала влијание“

АНА ПАВЛОВСКА ДАНЕВА ОТКРИ ДАЛИ ПОЛИТИКАТА ИМАЛА ВЛИЈАНИЕ ПРИ НЕЈЗИНИОТ ИЗБОР ЗА УСТАВЕН СУДИЈА: „Апсолутно секогаш имала влијание“

ЗА АДВОКАТОТ НА ПАЛЕВСКИ, ПОСТРАШНО Е ДА СЕ БРАНИ ПЕДОФИЛ ОТКОЛКУ УБИСТВО НА ДЕТЕ: „За мене е пострашна работа детето да остане живо и цел живот да има трауми од некој педофил што го нападнал“

ЗА АДВОКАТОТ НА ПАЛЕВСКИ, ПОСТРАШНО Е ДА СЕ БРАНИ ПЕДОФИЛ ОТКОЛКУ УБИСТВО НА ДЕТЕ: „За мене е пострашна работа детето да остане живо и цел живот да има трауми од некој педофил што го нападнал“

„А САКАМ ДА ГИ СЛУШНАМ МОИТЕ СОГРАЃАНИ МАКЕДОНЦИ“: Османи сакал да молчи, на тој начин реагира на назначувањето на Богоевски

„А САКАМ ДА ГИ СЛУШНАМ МОИТЕ СОГРАЃАНИ МАКЕДОНЦИ“: Османи сакал да молчи, на тој начин реагира на назначувањето на Богоевски

(ФОТО) Демолирана нова детска градинка во Бутел пред да биде отворена

(ФОТО) Демолирана нова детска градинка во Бутел пред да биде отворена

„Кој е следен?“ протестираше пред Влада: Не е важно кои сме, туку што бараме!

„Кој е следен?“ протестираше пред Влада: Не е важно кои сме, туку што бараме!

Апасиев: Како е можно сите што му ја намалиле казната на Пајазити да бидат Албанци

Апасиев: Како е можно сите што му ја намалиле казната на Пајазити да бидат Албанци