05 Мај, 2024
0.0263

Ќе ја делат ли Сирија?

Објавено во: Свет 05 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Русија, Иран и Турција вчера во главниот град на Казахстан, Астана, потпишаа спогодба, со која се предвидува создавање „зони на деескалација“ во Сирија со цел да дојде до намалување на насилството на нејзина територија. Интересно е што додека претставниците на трите земји ја потпишуваа спогодбата на овие најнови преговори за Сирија неколку членови на делегацијата на сириската опозиција гласно протестираа против учеството на Иран на конференцијата и ја напуштија конференциската сала.

Со потпишаната спогодба се предвидува создавање четири зони во северна, централна и јужна Сирија. Според она што е достапно до јавноста планот за решавање на сирискиот конфликт е на Руската Федерација. Но се чини со согласност и на САД. Тоа индиректно го потврди и рускиот претседател Путин по разговорите со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, пред новинарите, завчера во Сочи. Тој спомена дека таа идеја  е еден од начините за зацврстување на прекинот на огнот. Било да се вика „безбедносна зона“ или „зона на деескалција“, како што во еден настап кажал американскиот претседател Доналд Трамп. Според Путин во вторникот разговарал со Трамп токму за таа идеја и „колку што разбрав американската администрација ја поддржува таа идеја“, рече Путин.Некои агенции пренесоа дека Рекс Тилерсон при неодамнешната средба со Путин во Москва му ги предал “основниите принципи на планот на Трамп за решавање на сириската криза“.

Од Белиот дом тогаш сооопштија дека „претседателот Трамп и претседателот Путин се согласиле дека дека страдањата во Сирија траат доста долго и дека сите страни треба да направат се што е во нивна моќ да се стави крај на насилството“. Од друга страна Кремљ искажа намери за „зацврстување на режимот на прекин на огнот“ и да се создадат предуслови за „лансирање на реален процес за ставање крај на насилството“.   

Независно дали и што предал Тилерсон, јасно е дека Русија и САД решиле да ги направат првиоте обиди за ставање крај на насилствата. Спогодбата за создавање „зони на деескалција“ како да го потврдува тоа. Ердоган како „гулаб писмоносец“ од Сочи заминува во САД во средината на месецов при што ќе се сретне со Трамп и секако ќе разговараат за безбедносните или зоните за деескалација. Тогаш може да се ичекуваат и некои конкретизации на најавената спогодба.

Впечаток е дека како да се совпаднале идеите на САД и РФ за заедничка борба против Исламската држава. Тоа е она за кое се залага Трамп, а и’ е добродојдено на Русија. Според планот, до кој имаа можност да дојдат некои медиуми во Сирија се воведуваат четири зони во кои безбедноста ќе биде гарантирана од Русија, Турција и Иран. Има тврдења дека гарантите ќе можат во тие зони да разместат свои воени контингенти, Но некои споменуваат и сили на држави кои засега не се вклучени во бпрбите во Сирија. Можеби сили на ОН?

Западот отсекогаш бил за воведување на „зони на забрането летање“ во Сирија, на што Русија категорично се спротивставуваше и се спротивставува. Таа, поучена од примерот со Либија, кога таков документ беше донесен во ОН, за потоа некои западни држави да го протолкуваатт како „карт бланш“ за отворена војна против силите на претседателот Моамер ел Гадафи и негово убиство, воопшто не ни помислува на такво нешто во Сирија. Зашто тогаш и таа земја би ја имала судбината на денешна Либија.  Но дали сегашното „делење“ на Сирија со некакви зони на деескалација, не значи и поделба на земјата, но контролирана од гарантите. Дали тоа не значи и поделба на Сирија на сфери на влијание?

На прв поглед работите не стојат така, но на теренот може се’ да се случи. Внатре во зоните ќе било забрането користењето на оружје, ќе се создаваат услови за хуманитарни работи, за обнова на основната инфраструктура… Додека долж границите на зоните на деескалација се предвидуваат линиии на разграничување за да се спречат борби меѓу спротивставените страни. Таму ќе има контролни пунктови за минување на обичните граѓани, за доставување на разни стоки и хуманитарна помош. Токму на тие линии на разграничување се предвидува разместување на странски воени контингенти.   

Вака, како што е замислено раотите даваат надеж на успех, но има и скептици. Тие го споменуваат искуството од минатото од создавањето на такви или слични зони, што им има дава право за скепса. Примерот на Сребреница во Босна и Херцеговина, каде што и покрај постоењето зона на безбедност се случи огромна трагедија во присуство на силите на ОН! Овде може да се вброи и воведување на линии на разграничување за да нема борби меѓу спротивставените страни. На истокот на Украина, се воведоа  такви линии, но борбите меѓу спротивставените страни продолжуваа. Очигледно е дека треба да се даде нешто како поцврста гаранција дека нема да се повтори Сребреница, ниту истокот на Украина.  Тука ќе се види улогата на САД. Дали тие како и досега ќе ги фаворизираат само своите интереси или пак искрено ќе бидат за ставање крај на војната во Сирија. Многу ќе биде битно со што ќе се врати Ердоган од САД. Не треба да се заборави дека главен сојузник на САД во Сирија се Курдите. Истовремено тие се цел за уништување од страна на Турција. Како ќе ги усогласат САД и Турција ваквите интереси?  

Има многу прашања на кои ќе треба да се одговори, до почетокот на воспоставувањето на зоните на деескалација. Да не се заборави дека минативе денови во Сирија има преселби на луѓе, според верска припадност. Според политичка припадност. Се создаваат етнички – верски, чисти региони. Дали ова не значи дека Сирија ја подготвуваат за федерализирање? До ден денес сите велат дека Сирија треба да биде единствена. Но, очигледно приказните од теренот заборуваат дека некој сака таа да биде држава со неколку федерални единици. Курдски регион, шиитски регион, сунитски регион…Разделена по такви линии ќе биде послаб играч во поширокиот регион. Ако се има предвид актуелната состојба и иднината на Ирак, тогаш работите секако стануваат појасни. Некому му одговара да има големи држави, но со мало влијание.

Целата оваа работа од страна ја гледа Европската унија. Очигледно таа има премногу свои проблеми па не може да се нафати за наоѓање некое конкретно решение за Сирија. Таа досега го напаѓаше сирискиот претседател Башар ел Асад, ги напаѓаше Русите за нивната воена вклученост во Сирија. Во тоа предничеа Франција и Велика Британија, кои традиционално имаа големо влииание на овој терен. Имаа, но се чини го загубија. Ним им остануваат преговорите за Сирија во Женева, кои никој не ги спори. Таму ќе можат да ги кажат своите ставови. Но, ако САД и Русија цврсто се договорат, тогаш работата во најголем дел е завршена. Останува да ги впериме погледите кон Путин и Трамп и да видиме колку навистина се поттикнати од „страдањата во Сирија кои траат доста долго“, па решиле  дека „сите страни треба да направат се што е во нивна моќ да се стави крај на насилството“.

Мирче Адамчевски

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време