Ќе колабира ли Венецуела по неколку дена без струја?
Објавено во: Свет 11 Март, 2019
Струјата полека се враќа во главниот град на Венецуела, Каракас, а уапсени се повеќе од 50 крадци во маркети.
По четири дена, електрината енергија постепено се враќа во Каракас, ја пренесуваат агенциите денешната изјава на градоначалничката Ерика Фаријас, а се правеле напори да се нормализира снабдувањето со струја во целата земја.
Во четвртокот вечерта Каракас и поголемиот дел од земјата останаа без електрична енергија.
Тоа доведе до прекин во сообраќајот, водоснабдувањето и телекомуникациите.
Најмалку петнаесет луѓе умреа во болниците кои главно немаат исправни агрегати за струја.
Претседателот на венецуелското народно собрание Хуан Гуаидо кажа дека од парламентот ќе побара прогласување „вонредна состојба“ за да се реши ситуацијата со прекинот на електрична енергија кој од четвртокот ја парализираше земјата.Најмалку 250 тони хуманитарна помош во храна и лекови, а главно од Соединетите Американски Држави, се натрупани на границите на Венецуела со Колумбија и Бразил.
Владата на 23 февруари се спротивстави на нејзиното влегување во земјата, тврдејќи дека е обид за воена интервенција зад која стојат САД.
Армијата презела обезбедување на стратешките енергетски објекти во државата, а дистрибутивната мрежа се надгледува од воздух. Ова се прави со цел да нема саботажи.