27 Април, 2024
0.0309

Ќе прима ли Груевски плата в затвор?

Објавено во: Економија 10 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Екс премиерот и актуелен пратеник во Собранието, Никола Груевски и кога ќе замине во затвор ќе добива плата и ќе му тече стаж. 

На Груевски не му е одземен мандатот.  Според Законот за пратениците, Груевски и во затвор ќе може да зема плата, која може да биде помала, поради неговото неприсуство во Собранието. Овие пратенички привилегии може да ги изгуби, ако добие затворска казна поголема од пет години, по што ќе остане без пратенички мандат. Во тек се судења за уште неколку случаи на СЈО, во кои Груевски е еден од обвинетите. 

„Не собравме 80 гласа, Груевски ќе продолжи да биде пратеник и да зема плата од граѓаните додека е во затвор. Барем додека не му се соберат пет години и автоматски не му го земеме мандатот врз таа основа. Борбата продолжува“, напиша пратеникот Павле Богоевски на својот Фејсбук профил.

Груевски не се појави во Шутка иако тоа се очекуваше синоќа или утрово да се случи. 

Судските служби викендов нема да се обидуваат да му го достават решението за издржување на двегодишната затворска казна на поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Тенк“. 

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра