19 Мај, 2024
0.0265

Ќе привлече ли берзата дел од парите што лежат по штедните книшки?

Објавено во: Економија 31 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Вложувањето во блучип акции е неспоредливо подоходовно од штекање пари во орочени депозити. Тоа веќе инвеститорската заедница го препознава и реагира. Со оглед на тоа дека има многу слободни пари и дека најдобрите компании и покрај корона состојбата имаат пристојни или многу добри резултати голема е веројатноста дека може да очекуваме уште една добра година на Македонската берза. Затоа што и во вакви лоши прилики ќе има дивиденди! И кај нив притисокот врз пазарните цени на акции ќе биде најголем

Зад нас е една уникатна година во која се случија многу преседани предизвикани од пандемијата од корона вирусот. Блокади, застои, пролонгирања, загуби во глобалната екомонија. Страв и неизвесност за иднината предизвикаа блокадите на границите, ширум Европа и светот.  Падот на глобалната потрошувачка негативно влијае врз глобалното производство. Економијата глобално забави, а во некои сектори и запре. Најголем удар трпи хотелиерството и угостителството. Силно ќе се одрази на земјите кои имаа високо развиен туризам и беа посакувани дестинации за одмор. Голабалната криза ќе го земе својот данок. Многу е веројатно дека во претстојната година парите ќе поскапат, а стоките, услугите парцелите ќе станат поевтини, но само за оние што ќе имаат да платат.

И нашата берза преживеа тешка година. Многу неизвесности, кои не значат само лошо. Некои ја искористија можноста и купија на пониски цени. Сега ќе чекаат дивиденди и подобри времиња кога ќе дојде оптимизмот меѓу купувачите и цените ќе почнат да растат.

Какви се условите на нашиот пазар за хартии од вредност?

Прво, квалитетните акции и годинава го надградија својот имиџ и популарност меѓу инвеститорите. Дел од нив поделија дивиденди, а помал дел се воздржаа по сугестиите на централната банка. Во нашите „блучип“ акции и ината година ќе бидат вперени очите на инвеститорите особено на тие што се поголеми и играат на сигурно.

Второ, нема споредба на конкурентноста меѓу дивидендите приноси на најдобрите акции и приносите од камати на вложувања во денари или евра. Нашите блучип акции се покажаа исто сигурни како државни обврзници, а неспоредливо подоходовни од орочените штедни влогови. Овој мотив на инвеститорите ќе држи тензија и вгодина кај пазарните цени на нашите најдобри акции.

Трето и можеби најважно. Во Македонија има многу слободни пари кои во најголем дел стојат во банки како депозити. Дел од нивните сопственици веројатно ќе одлучат да вложат во акции затоа што некои домашни компании веќе имаат етаблирани дивидендни истории.

Дополнително позитивно на домашниот пазар може да влијаат позитивно евентуални обиди на домашни осигурителни компании дел од вложувањата во депозити по банките да ги пренасочат во купување дивидендни акции на нашата берза за хартии од вредност. Секако дека тоа нема да има спектакуларни ефекти, но ќе значи многу за нагорна стабилизација на ценовните нивоа на некои акции.

Секако најважни предуслови за да се исполни оваа прогноза се одржување на стабилна маркоекономска политика, стабилен девизен курс на денарот, задржување пристојно ниво на извоз на стоки и услуги и одржување на јавната и на личната потрошувачка приближно како и на ниво од оваа година. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа