10 Април, 2025
0.0461

Ќе проработи ли конечно третиот блок на РЕК Битола? Купен трансформатор за 6,5 милиони евра

Објавено во: Економија 26 Август, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

АД ЕСМ со директно преговарање без објавен оглас купи трансформатор од 425 киловолти за 5,5 милиони евра (плус 1 милион евра ДДВ) за да може да работи третиот блок на РЕК Битола и да произведува електрична енергија за време на енергетската криза. Од како е изграден РЕК Битола, ова е прв пат за 40 години да се купува нов трансформатор.

Минатата година во екот на високите цени на струјата, АД ЕСМ се обиде да го вклучи третиот блок по низа направени ремонти, но стариот трансформатор се запали во ноември минатата година. Хаварија доживеа и во август претходно. На почетокот на годинава пак раководството на „Електрани“ објави дека трансформаторот ќе се демонтира и дека ќе се носи на поправка.

Договорот ЕСМ го вклучи со Actael N Ltd од Софија, а за преговарањето без објавен оглас е добиено позитивно мислење од Бирото за јавни набавки поради итноста на потребата. Бугарскиот оператор, кој ќе работи заедно со турски подизведувач. има рок од 110 дена да го демонтира стариот блок трансформатор и да го монтира и пушти во работа новиот.

Гаранцијата на исправноста изнесува 5 години, а ЕСМ треба да му плати аванс на операторот од 1,1 милиони евра. Во договорот има и услови за плаќање на пенали од страна на Бугарите доколку трансформаторот генерира загуби.

Поради неработењето на третиот блок, Владата ургентно мораше да ги активира ТЕЦ Неготино и РЕК Осломеј, затоа што увозот на електрична енергија поскапе неколкукратно. Вклучувањето на третиот блок на РЕК Битола беше замислено како обид да се олесни енергетската криза, но до тоа никогаш не дојде.

Пред две недели генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, рече дека во планот на претпријатието е од почетокот на ноември до 30 април додека трае грејната сезона, РЕК Битола да работи со три блока, односно со максимален капацитет.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

„НАМАЛУВАЊЕТО Е НАД 1.000 ДЕНАРИ, МОЖЕБИ И НАД 1.500“: Ристески објави дека се финализира просечна потрошувачка кошничка

„НАМАЛУВАЊЕТО Е НАД 1.000 ДЕНАРИ, МОЖЕБИ И НАД 1.500“: Ристески објави дека се финализира просечна потрошувачка кошничка

ТРАМП ГИ ПАУЗИРАШЕ ЦАРИНИТЕ НА 90 ДЕНА - но Кина е исклучена, кон нив се зголемија на 125 отсто

ТРАМП ГИ ПАУЗИРАШЕ ЦАРИНИТЕ НА 90 ДЕНА - но Кина е исклучена, кон нив се зголемија на 125 отсто

ОДМАЗДАТА НА БРИСЕЛ: ЕУ му возвраќа на Трамп со марамчиња, машнички и женски неглижеа од Кентаки - еве кои производи се на листата

ОДМАЗДАТА НА БРИСЕЛ: ЕУ му возвраќа на Трамп со марамчиња, машнички и женски неглижеа од Кентаки - еве кои производи се на листата

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАЛЕ ЗА СКОРО 20 ПРОЦЕНТИ ЗА ЕДНА ГОДИНА - продолжува поскапувањето на имотите

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ РИПНАЛЕ ЗА СКОРО 20 ПРОЦЕНТИ ЗА ЕДНА ГОДИНА - продолжува поскапувањето на имотите

ТАРИФНАТА ВОЈНА СЕ ВЖЕШТУВА: Европските земји ги увоија контрамерките - ЕУ удира врз Америка

ТАРИФНАТА ВОЈНА СЕ ВЖЕШТУВА: Европските земји ги увоија контрамерките - ЕУ удира врз Америка

Како до повеќе инвестиции во зелена енергија – Министерката Божиновска за амбициозните планови на Македонија на ЕСГ Адриа самитот во Тиват

Како до повеќе инвестиции во зелена енергија – Министерката Божиновска за амбициозните планови на Македонија на ЕСГ Адриа самитот во Тиват

Некогаш беше „златна кокошка“ на Скопје, сега има рекордна загуба од 4,2 милиони евра

Некогаш беше „златна кокошка“ на Скопје, сега има рекордна загуба од 4,2 милиони евра

СЕ РАЗГОРУВА ТРГОВСКАТА ВОЈНА: Кина со контраудар, воведува царини од 84 отсто на стоки од САД

СЕ РАЗГОРУВА ТРГОВСКАТА ВОЈНА: Кина со контраудар, воведува царини од 84 отсто на стоки од САД

ДОБРИ ВЕСТИ ОД РЕГУЛАТОРНА: Поевтинуваат горивата

ДОБРИ ВЕСТИ ОД РЕГУЛАТОРНА: Поевтинуваат горивата