Ќе се градат социјални станови во Гостивар
Објавено во: Македонија 02 Мај, 2013
Нови 70 станови за социјално ранливите категории граѓани ќе се градат во Гостивар. Како што информираат од акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, почетокот на градежните работи е планиран за јуни, а денеска беше поднесена и техничката документација за проектоти се чека на дозволата за градба.
Според планот, во населбата Тоскалари во зграда со две ламели ќе бидат изградени 33 односно 37 станови, а инвестицијата чини дваесет милиони денари.