26 Април, 2024
0.0305

Ќе се најде „чаре“ за вработените во СЈО, Јовески ќе „преземе“

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Пратениците од мнозинството се во обид да го решат проблемот со вработените во СЈО, кои речиси три месеци не зеле плата. На пленарна собраниска седница за 11 декември на дневен ред се ставени измени на Законот за јавнообвинителска служба. Со овие законски измени треба да се овозможи државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да може да ги потпишува налозите за сите трошоци на Специјалното јавно обвинителство, а тој би имал надлежност и врз истражителите во оваа институција.

„За сите прашања кои се однесуваат на работниот однос на јавнообвинителските сужбеници и лицата вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите кои вршат технички и помошни работи одлучува Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите или Јавниот обвинител на Република Северна Македонија доколку нема избрано Јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите“, е дел од предложените законски измени.

Наводно, овие измени биле подготвени многу бргу по разрешувањето на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, но биле „забавени“ заради случувањата што постојано излегуваа во јавноста околу СЈО.

Инаку, вработените во СЈО немаат земено три плати, од завчера и телефоните им се исклучени, а немаат ни интернет. Причина за тоа се неплатените натрупани сметки. Некогаш моќната институција, Специјалното јавно обвинителство, сега е во сосема незавидна положба. Додека поранешната специјална обвинителка завчера седна на обвинителна клупа за случајот Рекет, изјаснувајќи се како невина, околу 90 вработени во СЈО мака мачат со долгови и неможност нормално да функционираат.

Проблемот е дотолку поголем што пари на сметката на обвинителството има, но нема кој да ги потпише налозите, бидејќи по разрешувањето на Јанева, и нејзините заменички, обвинителките Ленче Ристовска и Елизабета Јосифовска, исто така се разрешени и се водат како вработени во редовното Обвинителство, па и тие немаат право да ги ставаат потписите. А овие две обвинителки, заедно со сите други специјални обвинители, фактички се вратени обвинителствата во кои претходно работеа, но тие реално се уште одат на работа во зградата на СЈО. Таму се чуваат и материјалите за сите предмети на кои работеше Специјалното јавно обвинителство. 

СЈО должи и за вода, парно, струја, како и за кирија на продавницата за здрава храна, за која излегоа и погрешни толкувања за исплатите.

Сите овие проблеми ќе можеа да се решат ако се донесеше Законот за јавно обвинителство, за кои власта и опозицијата безуспешно преговараа со месеци наназад, па сега тој е целосно блокиран. 


Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите