26 Април, 2024
0.2299

Ќе се одложи враќањето на бескаматните кредити, некои фирми ќе добијат и грантови: Мерките во финална фаза

Објавено во: Економија 26 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Ќе се зголеми грејс периодот кај бескаматните кредити од КОВИД 1 и дополнително ќе се одложи отплата на кредитите на компаниите. Ова ќе биде дел од четвртиот пакет мерки кои Владата треба да ги усвои утре. Денеска дел од мерките биле разгледани на економско-социјалниот совет. Четвртиот пакет економски мерки опфаќа и поддршка за исплата на плати за последниот квартал на годината, платежни картички за одредени категории на граѓани на кои помошта им е најпотребна. Ќе има и  грантови за најпогодените сектори, намалување или укинување на парафискални давачки.

Потпретседателот на Владата, Фатмир Битиќи посочил дека четвртиот пакет економски мерки тежок 350 милиони евра е продолжение на претходните три пакети и е сублимирање на анализите направени преку консултациите со сите засегнати чинители во општеството, со цел опфатот во овој пакет да биде насочен кон поддршка и помош на најпогодените сектори и категории на граѓани.


На седницата присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска како претседателка, Битиќи, но и министерот за финансии, Фатмир Бесими.

„Од страна на членовите на Економско-социјалниот совет беше констатирано дека четвртиот пакет економски мерки е доста обемен, со оглед на тоа дека се опфатени и компаниите со цел поддршка за нивни опстанок во време на корона пандемијата, задржување на работните места и поддршка на граѓаните, стои во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија