19 Мај, 2024
0.0266

ЌЕ СЕ ПОДЕЛИ ЛИ ГРАДОТ: Има собрание во Шпанија, а вода и струја добива од Каталонија

Објавено во: Свет 06 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Жителите на малиот град Сан Рафаел дел Рио, на границата меѓу Каталонија и Валенсија, се плашат дека конфликтот меѓу Мадрид и Барселона би можел да ги подели.

Поголемиот дел од Сан Рафаел, вклучувајќи го градското собрание, се наоѓа во регионот Валенсија, кој не планира да ја напушти Шпанија, но со Каталонија ги дели системот за наводнување, патиштата, електричната мрежа, па дури и повикувачкиот телефонски префикс.

„Луѓето се нервозни и исплашени, бидејќи се чувствуваат како во слободен пад“- објаснува 47-годишната Гвадалупе Еспиноза од каталонската страна на реката која тече низ градот со нешто повеќе од 500 жители, како природна граница меѓу двете покраини, објави Асошиејтед прес.

Градоначалникот Доминго Хинер вели дека конфликтот меѓу каталонските и шпанските власти, поради референдумот за отцепување на Каталонија кој Мадрид го забрани, нема да има големо влијание врз тој град. Тој додава дека соседите од двете страни на реката Сенија мирно живеат заедно.

Едните се идентификуваат како Каталонци, а другите како Шпанци, но немири меѓу луѓето нема. 

„Валенсија и Каталонија се разликуваат, но иако постои граница, градот е единствен“- истакнува 20-годишниот Нацари Реверте.

И покрај забраната изречена од Уставниот суд, каталонскиот регионален парламент в понеделник ќе дебатира за отцепување од Шпанија.

Шпанскиот Уставен суд нареди привремена суспензија на седницата на каталонскиот парламент. 

Еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московиси изјави дека доколку Каталонија прогласи независност и се отцепи од Шпанија, таа повеќе нема да биде членка на Европската унија.

Можеби ќе ве интересира

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа