05 Мај, 2024
0.0244

ЌЕ СЕ ПРЕДАДАТ ИЛИ ЌЕ БИДАТ УБИЕНИ: Се види битка за бастионот на „Исламска држава“

Објавено во: Свет 20 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Во тек е битка за освојување на бастионот на „Исламска држава“. 

Премиерот на Ирак,  Хајдер ал-Абади го најави почетокот на битката за освојување на градот Тал Афар, последниот бастион на џихадистите во северната ирачка провинција Ниневија, пренесоа светските агенции.

Абади синоќа преку телевизиско обраќање го најави почетокот на операцијата за ослободување на овој град. 

„На луѓето од ДАЕШ (арапски акроним за ИД) им кажувам дека немаат друг избор освен да се предадат или да бидат убиени“ - рече тој. 

Тал Афар се наоѓа на 70 километри западно од градот Мосул, вториот по големина град во Ирак, од кој ирачките сили, поддржани од САД, на почетокот на јули ги протераа џихадистите по офанзивата што траеше неколку месеци.

Абади прецизира дека освен различните единици на ирачката армија, полицијата – федерална и локална, и единиците за борба со тероризмот, во офанзивата за ослободување на Тал Афар учествуваат и Силите за народна мобилизација – паравоена организација, во која доминираат шиитски милиции, а се поддржани од Иран. 

Тие веќе учествуваа во други битки за враќање на контролата врз ирачките градови.

Освен Тал Афар, ИД  го контролира и градот Хавиџа, во провинцијата Киркук, на 300 километри северно од Багдад. ИД ја има и во западната провинција Ал Анбар, посебно во реонот на Ал Каим, што граничи со Сирија.

Ирачките сили минатиот вторник почнаа воздушна офанзива врз Тал Афар, како подготовка за копнената офанзива. 

Градот е под контрола на ИД од средината на 2014 година. Се смета дека сега во градот има 2000 исламисти. 

Калифатот минатиот месец доживеа крах. 

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време